четврток, 12 ноември 2026
Најново

Најсочниот рецепт за печени пилешки гради

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Немате идеја што да му зготвите на вашиот партнер, деца или вашите пријатели?Ви претставуваме еден едноставен рецепт за пилешко кој ќе ги задоволи сите вкусови. 
Потребни состојки за 4 лица:
• 450 гр. пилешки гради (без коски)
• 100 гр. брашно
• 2 лимони
• 2 лажици ладно цедено маслиново масло
• 100 мл. пилешки бујон
• 2 лажици путер
• 2 чешниња лук
• 1 чајна лажичка сол
• 1 чајна лажичка бибер
• свеж магдонос
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови.
2. Во еден сад ставете го брашното, солта, биберот и кора од еден лимон и промешајте. Во садот додадете ги пилешките гради и извалкајте ги од двете страни.
3. Исечете го едниот лимон на кришки.
4. Во поголема тава и на умерена температура загрејте го маслиновото масло. Додадете го пилешкото месо и пржете околу пет минути додека едната страна не добие златножолта боја.
5. Свртете ги пилешките гради од другата страна и во тавата додадете го пилешкиот бујон, путерот, лукот и парчињата лимон.
6. Ставете го пилешкото во рерна и печете од 10 до 15 минути, односно додека месото целосно не се испече.
7. Послужете ги пилешките гради со сосот од тавата и по желба додадете малку исечкан магдонос.
На здравје!
Совет плус: пред да ги користите лимоните, добро измијте ги со цел да ги отстраните нечистотиите и пестицидите од нив.Ви претставуваме еден едноставен рецепт за пилешко кој ќе ги задоволи сите вкусови. 
Потребни состојки за 4 лица:
&bull

Поврзани вести