Најстарата дрвена статуа крие тајна цели 11.000 години!

Одлично зачувана 11 000 години во тресетишта во Сибир, Шигирскиот идол е најстарата дрвена статуа откриена досега. Користејќи го методот на масспектрометрија, германските научници ги датирале артефактите и откриле дека најверојатно е изработен од ариш. Резултатите од истражувањата покажале дека Шигирскиот идол е издлабен во 90-тиот век п.н.е. Ова го прави многу постар од Пирамидата на Џосер – првата египетска пирамида, која датира од 27-тиот век п.н.е.Откриена во 1890 година во Кировград, оваа уникатна статуа има бурна историја. Извадена е од мочуриште на неколку делови и изгледа врз неа се врежале седум лица. Се смета дека првично била висока 5.3 м, широка 1.9 м, но од неа се изгубени делови за време на револуциите во 20-тиот век.
Денес можат да се видат изгубените делови единствено во цртежите на сибирскиот археолог Владимир Толмачев од почетокот на минатиот век. На крајот на краиштата, денес од статуата останале 2.8 м.
Покриена со пиктограми и други симболи, мистериозната статуа изгледа крие тајна порака. Научниците сметаат дека знаците од каменото доба имаат значење и би можеле целосно да го променат нашето разбирање за овој историски период.
Експертите работат на дешифрирање на геометриските знаци на статуата. Ако покажат знаци на писменост, таа ќе биде најстарата писменост откриена досега.
Сепак, точната интерпретација е многу тешка, затоа што секој симбол би можел да има повеќе од едно значење. Правата линија може да значи земјиште, хоризонт или дури граница помеѓу овој свет и задгробниот.

 
Одредени геометриски фигури, како кругови и квадрати, може да претставуваат персонификација сонцето, огнот или нешто друго. Цик-цак линиите, пак, може да се гуштери, змии или опасност, итн.
Можно е статуата да служела како карта и линиите да прецизирале насоки и должини. Иако сѐ уште не се сигурни, некои археолози претпоставуваат дека стрелките отсликуваат ридови, правите линии – рамнини, а брановидните – вода.
Седумте лица врз статуата зборуваат дека луѓето од споменатата цивилизацијата имале високи јагодици и прави носеви. Најгорното лице е тродимензионално, додека останатите се дводимензионални.
Наредени вертикално, има три фигури со лица напред на статуата и три назад.
„Сликите на идолот не можат да имаат убедлива интерпретација. Ако отсликуваат духови кои живееле античкиот свет, тогаш вертикалната поставеност најверојатно се однесува на нивната хиерархија. Тоа што ги има и од двете страни на статуата, најверојатно покажува дека припаѓаат на различни светови. Ако пак отсликуваат митови за потеклото на луѓето и светот, вертикалните слики можат да одразуваат секвенца на настаните. Украсите можат да бидат специјални знаци, што укажува на нешто значајно.“ – објаснува академикот Петр Золин.
Шигирскиот идол е изложен во Историскиот музеј во Екатеринбург, во излог со специјално контролирана клима.Откриена во 1890 година во Кировград, оваа уникатна статуа има бурна историја. Извадена е од мочуриште на неколку делови и изгледа врз неа се врежа

Пронајдете не на следниве мрежи: