НАЈТЕШКО СУДОКУ: Ајде да ве видиме дали ќе го решите!

Луѓето кои се гордеат со своите способности за решавање на популарното судоку, подобро е да не го читаат овој текст. Но, доколку сакате да се испробате себеси, тогаш можеби ќе сакате да ги наострите моливите за врвниот тест: најтешкото судоку на светот!Ова судоку е објавено од Арто Инкала, фински математичар кој го дизајнирал да може да биде решено само од страна на најострите умови.
*Според скалата на тежина, според која се оценуваат повеќето судоку загатки, каде наједноставните се обележани со една ѕвезда, а најтешките со пет – оваа би имала единаесет ѕвездички.
Судокуто е познато за енигматичарите и е игра во која секоја вертикална линија, хоризонтална линија и деветте квадрати со девет полиња, треба да ги содржат сите броеви од 1 до 9.
Иако звучи едноставно, тежината на оваа верзија лежи во бројот на дедукции што треба да ги направите за да впишете број во мрежата. Наместо да можете да забележите каде треба да дојде еден број врз основа на квадратите што се веќе пополнети, повеќето потези што ќе треба да ги направите ќе ве соочат со две или повеќе места каде бројот би можел да доаѓа.
Само една од овие опции е точна, но за да ја откриете, мора да ги проучите сите други опции за следниот потег, а и за потегот кој следи по него, сè додека не ја најдете вистинската рута.
Според Инкала, за најтешките делови од мрежата е потребно да размислувате десет потези однапред, разгледувајќи серија на пермутации на секоја фаза, пред да ги елиминирате сите рути освен вистинската.
РЕШЕНИЕТО Е ТУКА… Но, обидете се да го решите без помош. Среќно!Ова судоку е објавено од Арто Инкала, фински математичар кој го дизајнирал да може да биде решено само од страна на најострите умови.

Пронајдете не на следниве мрежи: