Најточниот афрички хороскоп!

Најточниот афрички хороскоп!

Ntintilili – MOРСКА ОВЦА (6. јануари – 20. јануари)
Луѓето родени во овој знак сакаат мир и задоволство. Секогаш ќе се залагаат за мир и љубов, дури и во најнеповолните ситуации за нив. Овие луѓе се флексибилни, иако понекогаш може да бидат чудни и себични. Секогаш се водени со голема амбиција и силно веруваат во самоусовршување и тоа дека секогаш можат да бидат подобри. Во својата верба дека се што работат е добро, понекогаш можат околу себе да создадат лути непријатели. Често се однесуваат заповеднички, а тоа го прават затоа што сакаат се да биде исправно. Перфекционисти се. Родените во овој знак треба да се чуваат од кожни инфекции и болести на внатрешните органи. Треба да избегнуваат канцерогени супстанции и хемикалии.
Овие луѓе тешко заработуваат за живот. Имаат тешкотии преку целата година, но во сигурно време, или посебно во последниот месец од годината,или во последен миг нивната среќа драстично се менува на подобро. Надарени се со многу таленти.лесно се спријателуваат со луѓето и животните. Многу од нив се добри земјоделци.Имаат меко срце,не сакаат никого и ништо да уништат. Во нивните животи управува морето, и како што морето наеднаш се менува,можат и тие да постанат такви и тоа изненадно. Во љубовта западнуваат во состојба на потполна збунетост и безизлезност, но како што знаат да влезат во неволји, исто така многу добро знаат и да ги решат проблемите и повторно да го здогледаат светлото на денот.
Usihlenga – НЕБЕСЕН ЧАМЏИЈА (21. јануари – 20. фебруари)
Родените во овој знак се идеалисти што повеќе сонуваат отколку што делуваат. Темпераментни се,а кога ќе се разбудат од сон,ја гледаат онаа друга страна и не може да ја негираат вистината која ги опкружува. И како што спремно прифаќаат предизвик, тоа ги прави следбеници на било кое верување или учење.Духовно се силни и едни од најдобрите пророци. Често заболуваат,посебно во детство и во период на адолесценција. Сакаат да управуваат со кормилото на животот побрзо и одат далеку пред другите. Како резултат на тоа што веруваат дека тоа што го работат е исправно,често се прогонувани. Понекогаш се борат против несреќната судбина. Не им е лесно да сакаат и да ги разбираат другите,бараат љубов, разбирање и опростувања од другите. Мислат пред сите и однапред,така да повеќе мислат за иднината отколку за сегашноста. Секогаш бараат нешто ново. Брзо им здосадува она што го работат-започнуваат нешто,оставаат недовршено и преминуваат на друго. Секогаш се во потрага по некоја вистина или идеал,иако често не ни знаат што бараат и што би правеле со тоа.

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА:

Пронајдете не на следниве мрежи: