Најточниот афрички хороскоп!

Untombijasina ili Nanana – ДЕВОЈКА ШТО ИГРА ( 27. август – 26. септември)
Интересни луѓе се, сакаат да се забавуваат. Им лежат многу спортови. Често можат да бидат непријатни, но сепак имаат пријатели и љубовници. Имаат и светла и темна страна како месецот. Расположението им се менува брзо и варира од депресија до претерано воодушевување. Добри организатори се. Сакаат убавина и одлични љубовници се. За нив водењето љубов е борба во која се сретнуваат со секој дел на моќ и концентрација. Понекогаш имаат проблеми кога истражуваат нови аспекти на љубов, дури можат и да го изгубат партнерот како резултат од тоа. Тешко простуваат, тоа за нив е знак на слабост. Често експериментираат со храна, пиење, лекови. Не се доволно среќни ако немаат стално нешто ново со што би се обогатиле. Ги мачи главоболка и болки во зглобови. Во собраќајните незгоди често им страдаат коските. Брзо се опоравуваат.

Izimbenge zika Gubudela – ГУБУДЕЛИНАТА КОРПА (27.септември – 28.oктомври) 
Родените во овој знак покажуваат изузетен скептицизам,ретко прифаќајќи ги работите онака како што изгледаат. Они испитуваат, имаат замерки, се сомневаат во точноста на се, затоа што се родени со неодолив импулс да сваќаат и да продираат во длабочината на животните проблеми. Добри се во придобивање на други да ја сработат цела работа. Ова се луѓе кои можат да влезат во неволја затоа што незнаат да кажат не на пријатели и сакаат да им бидат на услуга дури и кога не можат. Сакаат да помогнат дури и тогаш кога ним им е потребна помош. Дури и да стекнат богатство ќе посакаат да го поклонат во добротворни цели. За нив парите и богатството се без важност. Стално се во борба да добијат љубов од особата која ја сакаат, но оној момент кога ќе сватат дека се сакани, губат интерес и бараат друга особа. Пошто се родени ловци,ловот повеќе ги интересира отколку самиот улов.

Sobatinjela – OСВЕТОЉУБИВ ШКОРПИОН (29.oктомври – 25.ноември)
Родените во овој знак се оние кои ќе умрат борејќи се за она што е исправно.Можат да бидат борци против тиранство,но нивното владеење брзо заслабнува кога сите грешки ќе се исправат и доброто завладее. Тие се борат за општо добро и понекогаш си наштетуваат на сопственото здравје.Еднаш кога ќе се збогатат они се навикнуваат на тоа,но не се задоволни само со тоа и ќе пробаат да бидат уште побогати.Но без оглед на тоа колку ќе бидат богати,гордост секогаш ќе им недостига.Имаат многу малку ароганција и гордост во себе,можат да ја сватат празнината во живото,како и да ја сватат тајната на животот и смртта.

ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА:

Пронајдете не на следниве мрежи: