Најуспешна акција за чистење на Македонија

Ајде Македонија со поддршка на Швајцарската агенција за поддршка и развој (СДЦ) преку програмата „Цивика Мобилитас„ и компаниите Осигурување Македонија и Еконелектрон ја организираа најуспешната акција за чистење на Македонија досега. Свое учество земаа над 16000 учесници, 70 граѓански организации и над 100 училишта, кои чистеа 156 локации низ земјата во 53 општини.- Сакаме да им се заблагодариме на сите кои ентузијастички се вклучија во „Македонија без отпад 2016“, пред се илјадниците волонтери, граѓански организации, компании, но и општините и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Овие масовни национални акции се значајни од три аспекти: прво поради самото чистење на голем дел од Македонија, второ затоа што со ова се вклучуваме во светската акција за чистење „Let’s do it world“ и поради тоа што проблемот со отпадот во Македонија го издигнавме на највисоко ниво, велат од „Ајде Македонија“.
Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“ кој има за дел да го исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и да развие механизам за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад во нивните заедници.- Сакаме да им се заблагодариме на сите кои ентузијастички се вклучија во „Македонија без отпад 2016“, пред се илјадниците волонтери, г

Пронајдете не на следниве мрежи: