четврток, 12 ноември 2026
Најново

НАПРАВЕТЕ МАЛКУ ПОИНАКВО ПИРЕ СО СИРЕЊЕ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ова пире малку се разликува од она класичното по начинот на приготвување, но вкусот му е сосем поинаков! Може да се послужи како прилог, но и да биде самостоен лесен оброк.
 Потребни состојки:
 За пире:
 1 кг компир
50 г путер
2 јајца
100 г кисела павлака
250 г брашно
½ кесичка прашок за печиво
 За прелив:
 3 лажици путер
150 г кисела павлака
200 г сирење
Постапка:
 1.Сварете го компирот, процедете го па испасирајте го со алатка за пире. Додадете путер и промешајте да се растопи и впие.
 2.Јајцата изматете ги со миксер, додадете ја павлаката, па испасираниот компир, зачинете со сол и пипер по вкус, и изедначете ја смесата. На крајот додадете брашно измешано со прашок за печиво и измешајте со лажица.
 Смесата префрлете ја во намастен калап и печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
 3.Во меѓувреме пригответе го преливот: растопете 3 лажици путер, па тргнете од оган и измешајте со кисела павлака и рендано сирење. Кога пирето е запечено, распоредете ја смесата со сирење преку него и вратете во рерна уште 15-20 минути додека да зарумени. Додека се пече, пирето постепено го впива преливот.
 Послужување:
 Оставете да излади 10-тина минути, па исечете на парчиња и послужете со јогурт или како прилог на некое јадење.Потребни состојки:
 За пире:
 1 кг компир
50 г путер
2 јајца
100 г кисела павлака
250 г б

Поврзани вести