Направете си КАФЕ СО ПУТЕР и имајте енергија во текот на целиот ден!

Путер во утринската шолја кафе, ова е најновиот тренд што се шири во Америка. Оваа комбинација би требала да допринесе за наша поголема продуктивност и креативност рано наутро.

Експертите велат дека кога кафето е во прашање многу е важно како се чувствуваме два часа по првата испиена шолја.

Обичната шолја кафе предизвикува глад и умор само два часа по конзумирањето. Со кафето со путер нема да ги почувствувате овие кризи во текот на целиот ден и по само една испиена шолја имате енергија за предизвиците кои ви претстојат.
Ова не е нов пронајдок, Тибетанците со генерации додаваат масло од јак во своето утринско кафе.
А еве како да подготвите една супер енергетска шолја кафе:
1. Не штедете на кафе, значи убаво наполнете ја лажицата со инстант кафе.
2. Не ја сипувајте водата во шолјата пред да зовире, но внимавајте да не ја превриете.
3. Земете една лажичка несолен, органски путер и ставете ја заедно со шолјата кафе во блендерот.
4. Мешајте сè додека не се растопи путерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.