Направете си ВКУСНА штрудла со ореви!

Направете си вкусно штрудла со ореви!Потребни состојки:
– ½ кг брашно
– ½ квасец
– 150 гр. маргарин
– 4,5 дл. млеко
– 200 гр. + 2 лажици шеќер
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– 1 jaјце
– 350 гр. мелени ореви
– еден прстофат сол
Начин на подготовка:

Во 2 дл. млако млеко издробете го квасецот, додајте една лажица шеќер и една лажица брашно и оставете да се нарасне.
Преостанатите 2,5 дл млеко, 200 гр шеќер и ванилиниот шеќер сварете ги, па потоа прелијте преку мелените ореви.
Нараснатиот квасецпомешајте го со брашното, омекнатиот маргарин и јајце, додајте малку сол на врвот од ножот и замесете меко тесто.
Оставете го тестото 20 минути да отстои, а потоа поделете го на два дела. Од секој расукајте правоаголник , прекријте го со филот од ореви и завиткајте во штрудла. Ставете ги штрудлите во подмачкан плех и печете на 180 степени околу 40-45 минути, додека не поруменат.
Кога ќе се излади, посипајте шеќер во прав одозгора!
Добар апетит!Потребни состојки:
– ½ кг брашно
– ½ квасец
– 150 гр. маргарин
– 4,5 дл. млеко

Пронајдете не на следниве мрежи: