Настинати сте и немате апетит а мора нешто да внесете во себе…Ви ја претставуваме оваа превкусна супа која „ќе ве крене на нозе“…Состојки:
2 лажици маслиново масло
1 главица кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук, ситно сецкан
1л. пилешка супа од коцка
2 лажички ситно рендана кора од лимон
600гр. компири, излупени и исечени на коцки
400гр. пилешки гради, исечени на тенки ленти
400гр. млад спанаќ, сецкан
Постапка:
Сварете пилешка коцка супа во 1 литар вода.
Загрејте масло во тенџере на среден оган. Пржете ги 5 минути кромидот и лукот. Додадете ја пилешката супа и кора од лимон и оставете ги да зовријат.
Намалете ја јачината на ринглата, додадете ги компирите и варете ја супата 20 минути. Потоа додадете го спанаќот и пилешкото месо и варете ги 15-20 минути додека да се зготви месото.
Зачинете со бибер по вкус и послужете ја супата веднаш.Состојки:
2 лажици маслиново масло
1 главица кромид, ситно сецкан
2 чешниња лук, ситно сецкан
1л.