Сите православни верници знаат дека денес е Свети маченик Нестор, ученик на Свети Димитриј кој бил единствениот којшто му се спротивставил на царот Максимилијан и го убил неговиот најмил гладијатор кој убивал христијани со садистичко задоволство.Во времето на страдањето на Свети Димитриј Мироточивиот, во Солун имаше едно младо момче Нестор кое се научи на Христовата вера од самиот Свети Димитриј. Тогаш, царот Максимилијан приредувал разни игри и веселби за народот.
Царот Максимилијан уживал во гладијаторските борби. Неговиот миленик бил непобедивиот гладијатор Лиј. Кога немал доброволни борци, нему во арената му носеле христијани коишто биле убивани со садистичко задоволство.
Еден ден, Нестор застанал пред учителот и му рекол дека повеќе не може да слуша за ѕверствата на гладијаторот и изразил подготвеност да се бори со Лиј и да загине. Димитриј го благословил, го прекрстил и му рекол: „Ќе го победиш Лиј, но ќе пострадаш за Христа“.
Нестор го убил дотогаш непобедивиот гладијатор, се прекрстил пред царот и публиката, извикувајќи: „Нека живее Богот на Димитриј“. Максимилијан се исплашил од побуната на христијаните и им наредил на војниците да го убијат Нестор и да го исечат, а Димитриј да го избодат со копја. Така, во 306. година, Нестор пострадал пред луѓето.
Народот верува дека тој е голем јунак. Преданијата велат дека повеќе градови спасил од аждаи и други проклети суштества. Како што убивал еден по еден змеј, од нив излегувале гуштери и останати влекачи.
Во некои делови од земјата, на овој ден се отвораат амбарите и не се допира собраното жито за да не го уништат глувците.Во времето на страдањето на Свети Димитриј Мироточивиот, во Солун имаше едно младо момче Нестор кое се научи на Христовата вера од самиот Свети Дим



