Отворен конкурс за фестивалот „Наше море, наши скали“

Адриа и Јадран медиумска групација неодамна објави конкурс за учество на фестивалот „Наше море, наши скали“. Фестивалот на нова музика „Наше море, наши скали“ ќе се одржи на крајот на јуни 2022 година во Херцег Нови.

Организаторот на фестивалот “Адриа и Јадран медиумска групација” распишува конкурс за избор на композиции со кои ќе можат да се претстават авторите и изведувачите од целиот регион и пошироко. Композициите испратени на конкурсот не смеат да се претходно изведувани или објавувани и не смеат да траат подолго од 3:30 минути.
Рокот за поднесување на композициите е 1 мај 2022 година.Изборната комисија на фестивалот ќе ги извести сите пријавени дали нивната композиција е прифатена , најдоцна до 10 мај 2022 година.
Апликантите се должни да ги испратат аранжираните композиции до организаторот до 10.06.2022 година. Пост-продукцијата на сите примени композиции( снимање на настапи и подготовка на материјали за подоцнежно емитување или користење во било кои договорени цели) ги реализира организаторот на фестивалот, кој на апликантите чии што композиции се одбрани им гарантира учество во една од вечерите на фестивалот , директен тв и радио пренос и претставување во печатот на фестивалот.
Со испраќање на композициите на конкурсот , авторите и изведувачите им го пренесуваат правото на организаторите на фестивалот “Наше море , наши скали” за користење од страна на трети лица на сите композиции , без дополнително барање за согласност,за евентуално печатење на носач на звук и видео материјали или било кој тип на понатамошна дистрибуција.
За најдобрите композиции организаторот ќе обезбеди вредни награди и фестивалски признанија.
Право на учество на конкурсот имаат апликанти од целиот свет. Композициите треба да се испратат во mp3 формат и во демо верзија на оваа е-пошта: [email protected] .
Заедно со композицијата потребно е да се приложи биографија и 2 фотографии од изведувачот, името на авторот на композицијата и телефон за контакт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.