Промената на магнетното поле не е ништо ново. Пред околу 800.000 години, магнетниот север се наоѓал над Антартикот, додека ирвасите живееле на магнетниот југ. Магнетните полови досега неколкупати се менувале во историјата на планетата Земја. Научниците проценуваат дека циклусот на промената на половите почнува со слабеење на магнетните полиња во период од околу 1000 години и по промената повторно се зајакнуваат. Но најновата студија покажува дека минатиот циклус помеѓу промената траел само 100 години. Земјиното магнетно поле моментално е слабо.
Според податоците коiги собра сателитот на (EСA), полето е слабее за 10 пати побрзо, отколку што научниците предвиделе. Геолозите пак сеуште не се сигурни што ја предизвикува промената на магнетното поле на планетата. Магнетното поле помага во заштитата од радијација која понекогаш доаѓа од Сонцето кон Земјата. Слабеењето на магнетното поле, може да ги поремети струјните мрежи, како и радиокомуникацијата и на планетата ќе завладее високо ниво на радијација.
Истражувачите копале низ древните седименти во подножјето на Апенините во Италија. И увиделе дека слоеви на вулкански пепел, се помешани со седимент. Пепелот е составен од магнетно осетливи минерали кои поседуваат трагови од линијата на Земјиното магнетно поле.
Слоевите седимент исто така покажале дека магнетното поле било нестабилно и 6.000 години пред нагло да ја смени насоката. Геолозите незнаат во која фаза се наоѓа сега полето и дали ќе биде промена иста како претходната. Заклучок е дека никој не е сигурен кога ќе се случи прмената. Иако таа може да предизвика некои технички проблеми, научниците не пронашле никакви докази дека тоа може да предизвика катастрофални последници на Земјата.
Единствениот хаос кој би можел да се случи во интерференција со светската електрична мрежа. Meѓутоа ако магнетното поле ослаби толку многу и привремено да исчезне. Земјата би можела да биде погодена од огромни количини на соларна радијација и комичка светлина, што кај многу луѓе ќе предизвика рак, иако тоа не е научно докажано.
Потребни се повеќе истражувања за да се разберат можните последици од промената на магнетните полиња. Магнетните полови досега неколкупати се менувале во историјата на планетата Земја. Научниците проценуваат дека циклусот на промената на полов