Наташа Котлар со брилијантен извадок за врховистите

Наташа Котлар со  брилијантен извадок за врховистите ЈАНЕ САНДАНСКИ (1903 г.): „Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие на бугарскиот дворец. Со вашата интервенција во Горноџумајско, вие на ослободителната борба ѝ придадовте карактер на вештачко движење кое се инспирира од вас од официјална Бугарија, а не од внатрешноста и од самиот поробен народ. Со тоа вие ѝ го убивате престижот и оставате впечаток дека ние сме орудие на бугарската држава, и со сето тоа му пречите на ослободителното дело. Ние решително им се спротивставивме на вашите офицери зашто го знаеме нивното воспитување, нивните интимни замисли. Тие се луѓе што дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, и тие не можат да бидат ништо друго освен нивни слепи и послушни орудија. А пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други такви, па ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез. Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна; Македонија – на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел.Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас – врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари – офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бројните јатки, Организацијата, и потаков начин, при слободна Македонија, тие ќе му се наложеа на македонското население, тие ќе му диктираа да го бара приклучувањето на Македонија кон Бугарија, како што станасо Источна Румелија во 1885 г. Ние ја месевме погачата, вие ќе ја јадевте.“
фејсбук статус на КотларЈАНЕ САНДАНСКИ (1903 г.): „Ние водиме борба против вас, врховистите, затоа што сакате да ја потчините Организацијата и да ја направите орудие

Пронајдете не на следниве мрежи: