Никој не би можел да се посомнева дека таков човек, каков што беше бискупот Винструп, би можел да крие таква мрачна тајна.Повеќе од 350 години бискупот Педер Винструп, лежел мирно и спокојно внатре во криптата во величенствената катедрала Лунд во Шведска. По 350 години мир и спокој, трупот на бискупот Винструг, чие тело важи за едно од најдобро зачуваните мумии од 17 век, е извадено за да биде подложно на скенирање, по кое истражувачите останаа шокирани.
Во еден момент при снимањето на мумијата, археолозите и истражувачите над неговите нозе пронашле мал костур на дете. Со оглед на големината на костурот, истражувачите претпоставуваат дека се работи за дете родено неколку месеци порано.
„Кога ги прегледавме снимките, еден истражувач ни кажа дека нашиот бискуп не е сам. Ни рече дека таму е со уште некој – мало дете, човечки фетус стар пет до шест месеци“, изјавил Пер Карстен, управник на Историскиот музеј на Универзитетот Лунд.
Оваа вест особено ги изненади научниците, кои се надевале дека од снимките од мумифицираното тело ќе откријат детали од неговиот живот, како и животот од Шведска во 17 век.
Трупот неколку пати бил ваден од гробницата, а мумијата фотографирана, но на црно-белите фотографии не било можно да се види костурот на детето.
Примероци од телото на бискупот, како и од телото на детото пронајден во неговиот ковчег, се испратени на ДНК испитување за да се одговори на прашањето во каков однос биле двајцата.
Повеќе од 350 години бискупот Педер Винструп, лежел мирно и спокојно внатре во криптата во величенствената катедрала Лунд во Шведска. По 350 години