Според последните податоци на хидрометеоролозите, 2015 година би можела да биде најтопла откако се мери температурата ширум светот.Во извештајот на американската Национална администрација за океани и атмосфера (NOAA) се наведува дека првите шест месеци од оваа година во просек биле најтопли во послените 136 години.
Потпаролот NOAA наведува дека нема знаци за предупредување на раст на температурите.
Во светот просечната температура за јуни месец изнесувала 16,3 степени, што е покачување за 0,12 степени во однос на минатогодишниот рекорд.
„Ова е големо покачување“, рекле во националната администрација за океани и атмосфера.
Научниците од оваа американска институцијаверуваат дека оваа година ќе биде рекордна кога се работи за температурите ширум светот.
Тоа го потврдуваат и податоците од Алјаска каде во изминатиот месец биле регистрирани аномалиите и најниска температура во изминатите 100 години.Во извештајот на американската Национална администрација за океани и атмосфера (NOAA) се наведува дека првите шест месеци од оваа годин



