НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ: Ова количество на вода и алкохол би можело да ве УБИЕ!

Брилијантните умови од Јутјуб каналот AsapSCIENCE, прикажуваат необични факти за тоа колкаво количество од нештата кои ги јадете или пиете секој ден – би можеле да ве убијат.Суштината е дека од било што може да се предозирате.
Така, пиењето 70 шолји кафе дневно, може да биде фатално за личност која тежи околу 70 кг.
Како што велат во видеото, ова количество кофеин може да предизвика интензивно чукање на срцето, па дури и инфаркт.
Наредниот пат кога ќе славите со неколку чашки алкохол, водете сметка за бројот. Изгледа дека 13 чаши би можеле прерано да го завршат славењето.
„Со оглед на тоа дека алкохолот е депресант (група на дроги кои предизвикуваат состојба на длабока релаксација, апатија, летаргија и депресија), подрачјето во мозокот што ги контролира основните животни функции како што се дишењето и срцевите фреквенции, почнува да се гаси“ – се вели во видеото.

Ако помислувате да испиете огромни количества вода за да го излечите мамурлакот, бидете внимателни.
„Пиењето 6 литри вода може да доведе до тоа вашиот мозок да набабри, предизвикувајќи главоболки, напади, кома, а во екстримни случаеви и смрт“ – се вели во видеото.
Погледнете кое количество на храна или пијалаци кои секојдневно ги консумирате, би можеле да бидат погубни доколку се земаат во поголема мера:
Суштината е дека од било што може да се предозирате.
Така, пиењето 70 шолји кафе дневно, може да биде фатално за личност која тежи околу 70

Пронајдете не на следниве мрежи: