Неделен хороскоп Овен
Доколку вашата работа е поврзана со некаква хуманитарна помош- оваа недела би било добро да се занимавате само со ситни работи, а сериозните работи да ги оставите за подоцна. Ќе имате силна волја и психичка стабилност, па на многу ќе им бидете потпора.
Бик
Вашиот индивидуализам ќе дојде израз ама во негативна смисла. Ќе сакате се да работите на своја рака, поради тоа ќе бидете тешки за соработка. Избегнувајте работи кои треба да се работата во тим. Претстој во природа ќе го регенерира вашето тело и дух.
Близнаци
Некои околности конечно успеавте да ги прифатите. Ќе имате искрен разговор со женска личност од работните кругови, но разговорот ќе биде од големо значење за вас. Ќе ви стане јасно дека таа личност нема да се промени. Па од сега со неа ќе комуницирате само службено.
Можни се алергии. Не ви се препорачува конзумирање на алкохол.
Рак
Ќе бидете негативно расположени. Ќе ве мачи некој настан од минатото. Некои стари грижи повторно ќе се вратат. Преку драга личност ќе добиете информации кои ќе ви помогнат да го разбиете притисокот. Повторно ќе добиете желба да се борите. Почнете да вежбате.
Лав
Поради немили случувања во вашиот дом, тешко ќе се сконцентрирате. Па подобро е обврските да им ги оставите на другите. Можен е предлог за интересна соработка. Обидете се да имате почести прошетки во природа.
Девица
Пред вас е еден од најнапорните периоди бидејќи за успех ќе мора да тактизирате. Не можете по секоја цена да ја наметнувате вашата волја и ставови. Многу сте исцрпени, Можно е да имате проблеми со хормоните.
Вага
Ќе бидете трпеливи кога деловните односи се во прашање. Покрај тоа што некој ќе се обидува да ви покаже дека е над вас. Но, вие знаете дека имате квалитети и токму поради тоа трпеливо молчите. Немојте да влегувате во конфликти.
Шкорпија
Дојдовте во ситуација кога сте сигурни дека заслужувате подобра работа. Но, се уште не гледате како да дојдете до такво решение, но, ако мислите ви се активни и размислувате во повеќе правци ќе најдете решение. Средбата со стар пријател ќе ви даде сјајни идеи.
Стрелец
Дополнителна задача ќе ви биде поттик да направите нешто ново. На работа сте прилично ангажирани и не сакате некој да ви ги оспорува плановите. Но, немојте да се натпреварувате со колегите. Можни се стомачни тегоби
Јарец
Нема да бидете задоволни од обврските кои ги имате и кои мора да ги завршите во краток рок. Но, нема да ви преостане ништо друго освен да се фатите за работа и се да завршите навремено. Потребна ви е рекреација.
Водолија
Пред вас е динамична недела исполнета со интересна комуникација во врска со вашата работа. Постојат шанси работите да појдат на подобро. Одмор е она што ви треба повеќе од се друго. Најдобро би било кога би можеле да си дозволите медитација.
Риби
Имате чувство дека вие одите во еден правец а другите во сосема друг. Ќе бидете неусмерени, без цел и интереси. Не се грижете тоа е минлива фаза.Овен
Доколку вашата работа е поврзана со некаква хуманитарна помош- оваа недела би било добро да се занимавате само со сит