Сезоната на тиквички започна ова е уште една идеја како да ги искористите и да си направите свежа и витаминска салата.Потребни состојки:
* млади тиквички
* рукола
* топчиња моцарела
* 1 црвена пиперка
* рендан пармезан
* по вкус сол, бибер, маслиново масло, сок од лимон
Подготовка:
Потребни ви се млади, кревки тиквички со помалку семки. Доволно е да ги измиете, бидејќи кората им е тенка не мора да ги лупите. Со кујнска алатка исечете ги на тенки ленти или на кругови. Руколата исецкајте ја на парчиња и додадете ја кај тиквичките. Оставете неколки цели гранчиња за украс. Пиперката исецкајте ја на коцки и измешајте ја со маслиново масло и лимон во количина колку што вообичаено си зачинувате салата. Додадете сол и бибер. Оставете да одстои 10 мин. и прелијте ги тиквичките и руколата. Измешајте убаво. Пробајте за вкус и доколу е потребно додадете сол и бибер. Сега додадете ги топчињата моцарела, преостанатите гранчиња рукола и нарендајте пармезан.Добар апетит!Потребни состојки:
* млади тиквички
* рукола
* топчиња