Недостатокот на сон го зголемува крвниот притисок, а опасен е во комбинација со дијабетес, пушење, пиење алкохол или стресен живот.Тајванскиот институт за медицина Чи – Меј спровел истражување на 84 000 луѓе. Во период од 4 години се следела нивната здравствена состојба.
Тие дошле до сознанија дека ризикот од срцев удар е присутен кај сите возрасни гурпи, но е дури 8 пати зголемен кај луѓето помлади од 40 години.Овој пораст се должи на стресниот живот на младите луѓе, особено кога тој е искомбиниран и со честа несоница.
Од Чи – Меј сметаат дека постојаното намалување на сонот доведува до недостаток на кислород во организмот, што може да резултира со срцев удар.
Во комбинација со нездрави навики како пушење и пиење алкохол, несоницата е сигурен водич до срцев удар.Тајванскиот институт за медицина Чи – Меј спровел истражување на 84 000 луѓе. Во период од 4 години се следела нивната здравствена состојба.