Невработени сте? – Нов оглас за вработување во Џонсон Мети

Johnson Matthey Emission Control Technologies e светски лидер во производство и развој на технологии на Автокатализатори, кој работи според ISO/TS 16949 и ISO 14001 стандардите за лквалитет во автомобилската индустрија, поврзани со најдобрата практика за животната средина.Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикепираност, возраст, сексуална ориентација, религија или убедувањеОфицер за човечки ресурси (замена за породилно отсуство) (Human Resources Officer) Реф. бр. 2013048Џонсон Мети има потреба од Офицер за човечки ресурси (Human Resources Officer) кој ќе му се придружи на нашиот тим за човечки ресурси во фабриката за автокатализатори во Скопје, за период од една година.Успешниот кандидат ќе биде одговорен за:• Обезбедување на работни дозволи и дозволи за престој за странци (нови/продолжување);• Голема инволвираност во процесот на вработување и селекција;• Давање на поддршка на менаџерите во сите процеси на дисциплински постапки, поплаки и други прашања од правна страна;• Поддршка во имплементацијата на бројни проекти од областа на човечките ресурси и сл.Кандидатот е пожелно да поседува:•Универзитетска диплома по можност Право;•Идеално 2-3 години работно искуство во областите на Човечки ресурси, по можност во индустриска средина;• Солидно познавање на македонскиот закон за работни односи;• Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;• Флексибилен и проактивен пристап, со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина;• Способност за работа под притисок со кратки временски рокови;• Способност за внимание кон детали и брзо учење;• Напредно познавање на Microsoft Office (Excel, Word, PowerPoint);• Течно зборување и пишување македонски и англиски јазик;Работно време: понеделник-петок 08.30-17.00ч.Позицијата е привремена. во времетраење од една (1) година (замена)Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: [email protected] молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ и задолжително наведете го референтниот број на огласот во предметот на пораката. Во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) година.Краен рок за доставување апликации: 03/11/2013 

ВОДИТЕЛ НА ЛИНИЈА (LINE LEADER) Реф. Бр. 2013046Џонсон Мети има потреба од кандидати за позицијата Водител на линија во Одделот за производство во фабриката за автокатализатори во Скопје.Кандидатот треба да биде проактивен и аналитичен и да може да комуницира ефикасно, со членовите на тимот. Со докажани способност за решавање на проблеми, стекнати од искуство во производствен процес, кандидатот треба да демонстрира способност за брза реакција во променлива средина.Водителот на линија ќе биде одговорен за:• Ефикасно предводење на тимот од оператори на производствена линија• Контролирање на опремата и процесите во сите области на производството (подготовка, апликации, ракување, отпад) во соодветна смена• Усогласување на производствените процеси со предвидените планови и процедурите со цел исполнување на барањата на клиентите• Проактивно и одговорно следење на принципите за заштита на животна средина, безбедност и здравје при работа• Поддршка на Супервизор на линија во остварување на зададените цели во производствените процеси, со запазување на временски и квантитативни рамкиОваа позиција подразбира работа во смени и долготраен престој во погонскиот дел од фабрикатаИдеалниот кандидат треба да поседува:• Средно образование• Најмалку две (2) години работно искуство во производствени капацитети, на лидерска/супервизорска позиција• Лидерски и организациски способности, способност за ефективна комуникација и делегирање задачи• Способност за брза реакција при промени и способност за организирање на активностите во тим• Добро владеење на англискиот и македонскиот јазикДоколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: [email protected] молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ. Во предметот на пораката задолжително ставете го референтниот број на огласот. во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) годинаКраен рок за доставување: 09/11/2013. 

КОНТРОЛОР НА МАТЕРИЈАЛИ (MATERIAL CONTROLLER) Реф. Бр. 2013047Џонсон Мети има потреба од Контролор на материјали кој ќе се придружи на нашиот тим за производство во фабриката за автокатализатори во Скопје.Кандидатот ќе биде одговорен за:• Менаџирање на материјална евиденција на: сложена комбинација од суровини со висока вредност, тековна работа, како и на готовите производи во фабриката• Обезбедување САП поддршка на Одделот за производство и преглед на внесените податоци во САП системот поради обезбедување на точност• Вршење на контролни проверки во САП системот и отстранување на погрешни информации во согласност со утврдените процедури• Обезбедување на достапност на точните материјали пред почетокот на производството и соодветно движење на материјалите помеѓу Одделот за производство и Одделот за логистика магацинКандидатот е пожелно да поседува:• Универзитетска диплома, идеално од областа на финансии (или друга математички базирана област)• Најмалку 1 година работно искуство во водење на материјална евиденција• Да поседува прецизно внимание кон нумерички детали• Да поседува способност за брзо разбирање на концептите• Да поседува лични карактеристики на само-мотивираност и одлични вештини за комуникација• Да поседува способност за работа и придржување кон временски рокови и во околности под притисок• Да е компетентен во користење на продуктите на Microsoft Office (Word & Excel) и да поседува добро развиени нумерички способностиНеопходно е кандидатот течно да зборува и пишува на македонски и англиски јазик. Позицијата подразбира работа во смени.Доколку сте заинтересирани испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следнава e-mail адреса: [email protected] молиме Вашата биографија и писмо за мотивација да бидат испратени како MS Word документ. Во предметот на пораката задолжително ставете го референтниот број на огласот. во спротивно Вашата апликација нема да биде разгледана.Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од една (1) годинаКраен рок за доставување: 09/11/2013.Џонсон Мети обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува апликациите од соодветно квалификуваните кандидати без оглед

Пронајдете не на следниве мрежи: