Лавина позитивни коментари и реакции предизвика колумната „Македонија ја брани Европа од самата себе“ на претседателот Ѓорге Иванов напишана за британскиот „Телеграф“, во која се осврнува на мигрантската и бегалската криза, пишува Журнал. нетГолем број луѓе во своите коментари му честитаат на претседателот Иванов и ги поздравуваат начините со кои Македонија се справува со кризата, со став дека земјата го прави исправното.
„Господине Иванов, ве молиме не скршнувајте од зацртаната цел, многумина тука ги поздравуваат вашите активности во овие тешки времиња. Целосно отворени граници на никого не му служат, и водат кон деструкција на ЕУ “.
„Благодарам г. Претседател за тоа што не браните, и второ бидејќи нагласувате дека голем број се всушност економски мигранти кои доаѓаат во Европа, а не бегалци. Нашиот премиер Камерон треба да испрати трупи за подршка на Македонија, а нашата морнарица да ја испрати во Егејското море“.
„Драг Македонски претседател, многумина од нас, луѓето од западните држави вклучувајќи и оние кои не се во Европа, се со Вас и Вашиот народ во оваа криза“.
„Благодарност до претседателот Ѓорге Иванов. Тој и неколкумина балкански лидери се херои, ја говорат вистината и се во право“, се вели во неколку коментари под колумната на македонскиот претседател.
Во друг коментар пак, колумната се оценува како елоквентна, информативна и префинета.
„Човекот е во право. Неговата земја се соочува со инвазија на луѓе што не се поканети и за кои малку се знае, освен дека доаѓаат од воени зони. Задача на секој национален лидер е да ја брани својата земја, и да ги стави интересите на земјата први и пред се“.
„Ви благодарам господине Иванов. Вие сте во право и ја имате поддршката на 99 отсто од Eвропјаните“.
Македонскиот претседател, во колумна објавена во британскиот весник Телеграф, вели дека Македонија е соочена со директен удар од мигрантската криза, која предизвикува низа безбедносни, социјални и општествени предизвици за целиот европски континент. Претседателот Иванов додава дека Европската Унија досега не покажала свест за справување со кризата, вклучително и со нејзиното пропуштање да го интегрира Балканот.
“Во обединета Европа денес има повеќе ѕидови отколку што поделена Европа имаше за време на Студената војна. Додека Грција се соочува со опасност од хуманитарна криза, на границите на Балканот се распоредени армиите кои се во состојба на готовност. Секојдневно се соочуваме со обиди за нелегално влегување во Македонија, оштетување на државниот и приватен имот, употреба на фалсификувани пасоши и насилни акти против безбедносните сили на граничната линија од страна на мигрантите. Нивната намера е да се избегне процесот на регистрација и безбедносните проверки на лицата кои заслужуваат право на азил. Парадоксот е што сето тоа се случува од територија на држава која е дел од Шенген-зоната. Доведени сме во ситуација Македонија да ја брани Европа од Европската унија”, пишува претседателот Иванов во колумната за британски Телеграф.
Голем број луѓе во своите коментари му честитаат на претседателот Иванов и ги поздравуваат начините со кои Македонија се справува со кризата, со ст