Нов хит на Балканот: Вградете си химен за 500 евра

Се повеќе жени во Босна и Херцеговина се одлучуваат за реконструктивна хирургија на вагината. Без разлика на промената на етичките норми во модерното време, хименопластиката е и понатаму актуелна операција. Некогаш на операцијата за реконструкција на хименот се одлучувале млади девојки од патријархални средини, каде невиноста е еден од предусловите за стапување во брак.
Но според зборовите на докторката Даниела Црногорец од сараевската болница „Карабег“, забележан е и случај каде жена, после цели 38 години брак, сака да му подари невиност на својот сопруг! Таа желба неодамна и беше исполнета во оваа болница. Докторката додаде дека на овие операции најчесто се решаваат девојки од 18 до 25 години, но границата се поместува од ден во ден. 
Овие операции се хит во целиот регион, и една чини околу 500 евра.
Постојат два вида на оваа операција; Првиот метод е краткотраен, и подразбира воспоставување на хименот на краток временски период, од неколку дена. Операцијата се состои од зашивање на краевите на хименот со самата вагина со конец. Вториот метод е посложен: Тој подразбира формирање на химен и трае се до следниот прв сексуален однос. Покомплициран е од првиот, се извршува со локална или целосна анестезија и операцијата трае околу еден час, но е дефинитивно долготрајно решение. 
Човечката фантазија нема граници, а за тоа е доказ и фактот дека некои жени доаѓаат и по неколку пати за истата операција. Девојките доаѓаат за да ја направат оваа операција поради разни причини, како страв дека нема да влезат во брак, желба на својот сопруг, желба да се чувствуваат млада повторно, но има и девојки кои се жртви на силување и сакаат да избришат некои трауми од минатото. 
Извор: vesti-online.comСе повеќе жени во Босна и Херцеговина се одлучуваат за реконструктивна хирургија на вагината. Без разлика на промената

Пронајдете не на следниве мрежи: