Нов контингент чешки полицајци распоредени на границата на Македонија

Нов контингент од 55 припадници на чешката полција ќе бидат распоредени во Македонија и Србија во рамки на мисијата за помош во обезбедување на границата поврзана со мигрантската криза, соопшти Чешката новинска агенција – ЦТК.Раководителот на Чешката полиција Томаш Тухи, вчера по повод испраќањето на контингентот, истакна дека полицајците кои се враќаат од оваа мисија се стекнуваат со искуство кое е значајно за Чешката Република за справување со современите безбедносни закани.
– По влошувањето на безбедносната криза во Европа како последица на илегалната миграција и терористичките напади што се случија во некои земји на ЕУ, потребно е Чешката полиција да биде подготвена за новите форми на закани, рече  Тухи.
Амбасадорите на Македонија и на Србија во Прага Паскал Стојчески и Вера Мавриќ изразија благодарност на Чешката полиција за нивната поддршка.
Вообичаено, чешките полицајци им помагаат на нивните колеги во мониторингот на границата, преку спроведување безбедносни проверки и претражување возила.
Овие странски мисии чешката полиција ги започна минатата година кога се случи големиот бран мигранти. Во досега спроведените 12 мисии учествувале над 400 припадници на полицијата кои биле распоредени во Македонија, Грција, Унгарија и Словенија, земји кои се наоѓаат долж балканската мигрантска рута.
Пет тима нa чешки полицајци се веќе распоредени во Македонија, а по прв пат еден тим ќе биде испратен и ќе оперира во Србија.Раководителот на Чешката полиција Томаш Тухи, вчера по повод испраќањето на контингентот, истакна дека полицајците кои се враќаат од оваа мисија се

Пронајдете не на следниве мрежи: