Нова и превкусна варијанта: Лазања со тиквички

Loading...

Лазањата е едно од најпопуларните јадења во светот, а постојат најразлични начини за подготовка на овој италијански специјалитет. Овој пат ви предлагаме лесна варијанта на вкусна лазања со тиквички.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
кори за лазањи
2 тиквички
200 гр. сирење
150 гр. моцарела
200 гр. кашкавал -ајдамер
200 гр. кашкавал-гауда
бешамел сос
босилек
маслиново масло
БЕШАМЕЛ СОС
40гр. брашно
40 гр путер
500 мл. млеко
сол
црн пипер
мелено индиско оревче
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Исечете ги тиквичките по должината на тенки парчиња, премачкајте ги со малку маслиново масло и ставете малку сол и босилек. Оставете ги да се исцедат околу 15 минути. Потоа, потпечете ги на скара или потпржете ги во грил тава.
2.Изрендајте ги кашкавалот и сирењето во одделни садови и оставете ги настрана.
3.Подгответе го бешамел сосот. Растопете го путерот во длабок сад за готвење на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Постојано мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа, додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте сол, црн пипер и малку индиско оревче.
4.Премачкајте го садот за печење со тенок слој бешамел сос и наредете од корите по целата површина.
5.Врз корите, ставете еден ред тиквички. Поросете од изренданиот кашкавал и сирењето и додајте од сосот бешамел. Ставете уште еден слој кори и по истиот редослед продолжете со нанесување на состојките. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите сите кори и наведените состојки.
6.Најгорниот слој треба да биде со кори, прелиени со бешамел сол и поросени со остатокот од кашкавалот.
7.Печете во рерна на 200°С околу 40 минути, односно додека лазањата да добие златна боја.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
кори за лазањи
2 тиквички
200 гр. сирење
150 гр. моцарела
200 гр. кашка

loading...