Нови инвестиции во СОУ „Ѓорче Петров“во Прилеп

Во СОУ „Ѓорче Петров“ во тек е постапката да се поплочи паркинг просторот во кругот на училиштето на површина од 450м2.„Продолжува уредувањето на дворното место на средното медицинско училиште каде имаме реализирано голем број на проекти, а со редењето на бекатон плочки ќе се доуреди ова дворното место“, посочи Дејан Димоски директор на СОУ „Ѓорче Петров“.
Градоначалникот Марјан Ристески при посетата на ова средно училиште, посочи :
„Ние продолжуваме со активностите во средното медицинско училиште, како следен проект е поставување на термоизолациона фасада на училишната зграда, уредување на изгледот на училиштето и комплетно доуредување на работилниците во дворот“.
Во ова училиште се инвестирани повеќе од 60.000.000 денари или повеќе од милион евра заподобри услови за  учење и работа на сите кои се дел од училиштето.
 „Продолжува уредувањето на дворното место на средното медицинско училиште каде имаме реализирано голем број на проекти, а со редењето на бека

Пронајдете не на следниве мрежи: