НОВО: Атеистите ги објавија своите Десет заповеди

Атеистите напишале своја верзија на десетте заповеди, а станува збор за предлози кои се избрани во рамките на натпреварувањето АМНН (Atheist Mind Humanist Heart). Уште во ноември, познатиот „разбивач на митови“ Адам Севиџ, најави дека ќе има судии.Адам беше само еден од 13-те судии кои добро ги проучиле бројните предлози (вкупно 2800 од нив) и на крајот се одлучиле за 10-те најдобри кои меѓу себе ја поделиле наградата од 10.000 долари.
Еве се нивните Десет заповеди:
1. Имајте отворен ум и бидете желни да ги менувате своите гледишта во склад со новите докази.
2. Тежнејте кон разбирање на сето она што најверојатно е вистина, а не кон верувањето во она што сакате да биде вистина.
3. Научната метода е најсигурен начин за разбирање на природниот свет.
4. Секоја личност има право да го контролира своето тело.
5. Бог не е нужен за да станете подобра личност или да живеете исполнет и смислен живот.
6. Грижете се за последиците кои ги предизвикуваат вашите постапки и препознајте ги навреме, за да можете подоцна да преземете одговорност за нив.
7. Постапувајте кон другите онака, како што сакате тие да постапуваат со вас и на начин на кој е разумно да очекувате како тие сакаат некој да постапува кон нив. Имајте го предвид нивниот став.
8. Наша одговорност е да се грижиме за другите, а тоа ги вклучува и идните генерации.
9. Не постои само еден правилен начин на живеење.
10. Оставете го светот во подобра состојба од онаа во која сте го начекале.Адам беше само еден од 13-те судии кои добро ги проучиле бројните предлози (вкупно 2800 од нив) и на крајот се одлучиле за 10-те најдобри кои меѓу

Пронајдете не на следниве мрежи: