На големо задоволство и среќа на жителите на селото Поешево, а посебно на неизмерна радост на учениците од ова место, денеска официјално беше ставено во функција подрачното училиште на ОУ „Коле Канински“. Иницијативата за изградба на ново училиште потекна од мештаните, а локалната самоуправа обезбеди средства и ја реализираше постапката за успешно завршување на овој значаен проект.„Зградата во која што се наоѓаше училиштето беше руинирана. Правевме различни варијанти. Имаше една помошна зграда која честопати ја користевме за настава. Ова е место кое се развива и по барање на мештаните решивме да изградиме ново училиште. Се работи за објект кој што е една монтажна комбинација, објект кој што има цврста арматура, долга гаранција, нова дограма, решен е начинот на греење, има нов мебел. Веќе пристигнуваат и донации за модернизирање на просторот. Ние сме во потрага на изведувач кој што ќе го уреди и дворот“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
„Вложувањето во образованието е влог во нашата иднина“, рече директорката на училиштето Лидија Павловска на денешната свеченост заблагодарувајќи се до општината, мештаните и другите донатори.
Вредноста на инвестицијата изнесува 2 500 000 денари.
Објектот ќе биде дополнет и со надворешни содржини кои ќе го разубават просторот, како мултинаменско игралиште со детски реквизити, а ќе се направи и оградување на просторот и хортикултурно уредување.
„Зградата во која што се наоѓаше училиштето беше руинирана. Правевме различни варијанти. Имаше една помошна зграда која честопати ја користев