„Објективните“ извештаи на Ховит за „вашата земја“

„Треба да има вистински избор за трансфер на моќта. Промената на власта е можна. Ние ве поддржуваме во вашите реформи. Има добар избор и можност да се случи промена на власта“. Ова пред два дена го изјави британскиот европратеник Ричард Ховит, клучен актер во првите редови на Kонгресот на СДСМ, а со последнава изјава и предвидувач (популарно кажано гатач) на промените на македонската политичка сцена.Всушност, почитуваниот Ховит пред да биде меѓу најсилните алки за имиџот на СДСМ требаше да биде објективен и непристрасен известувач за Македонија во Европскиот парламент (ЕП), Ричард Ховит.
Зошто „требаше да биде“?
Затоа што последните настапи на Ховит во одбрана на СДСМ, но и на сите откако почнаа Заевите бомби па наваму, ставија безброј дамки на сомнеж дека неговите извештаи за македонските состојби пред Брисел биле необјективни. Значи, фактички тој ја имаше функцијата на известувач, но дали тоа го правел непристрасно?
Не беше тајна левата определеност на Ховит како припадник на европските социјалисти во Брисел, но ваквите негови агресивни настапи на страната на СДСМ ја изместија објективната рамка на неговото известување, во која сакавме да веруваме и ние, а пред се` ЕП.
Оттука се отвора и прашањето врз основа на кои извори Ховит ги пишуваше извештаите, кого консултира, кој му ја реферира политичката состојба, дали заклучоците во неговите извештаи се изведени врз вистината или?
За да не постојат овие дилеми, веројатно Ховит најмалку што можеше да направи е воопшто да не се појави на Kонгресот на СДСМ и да не мудрува со предвидувања дека владејачката моќ ќе падне во рацете на друг.
Ниту на неговата наводна благонаклонетост кон земјава, што се обидува да ја наметне давајќи изјави во кои се надзира загриженост, нема основа да и веруваме, оти не смееме да заборавиме дека тој ја тргна придавката „македонски“ од извештаите.
Kаква и да е целта, односно агендата на Ховит, начинот на кој ја остварува е необјективен.
Но дали тоа Брисел го интересира? Kаков би бил коментарот нивен?
Веројатно дипломатско-бирократски во фазонот дека е негово демократско право сега кога не е известувач – да настапува каде што сака и да поддржува кого сака.
Но (не)објективните извештаи остануваат во бриселските архиви и го помагаат враќањето назад на земјава од т.н. европски пат.
Ама се и одговор на нашите дилеми треба или не да им се верува на бриселските известувачи, медијатори и слични пратеници.
Искра Kоровешовска за ДневникВсушност, почитуваниот Ховит пред да биде меѓу најсилните алки за имиџот на СДСМ требаше да биде објективен и непристрасен известувач за Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи: