Обожавате помфрит? Прочитајте ги опасностите кои ги крие!

Многу пати до сега сте слушнале дека помфритот е мрсен и нездрав, но ниту еднаш не ви било објаснето што поточно му прави на вашиот организам.Затоа, пред да ги подготвите фритезата и тавчето за користење, размислете уште еднаш.
1. Содржи лоши масни киселини
Пржената храна е превкусна, но лошите и заситените масти го претвораат компирот во темпирана бомба за срцето, дијабетесот и ракот.
Лошите и заситени масти ги има дури и во маргаринот и во сите производи на кои пишува „делумно хидрогенизирано.“ Лошите масти го подигнуваат нивото на холестерол во крвта и ги покачуваат триглицеридите.
На човечкото тело му се потребни омега 3 и 6 масни киселини, па затоа е многу важно да обрнете внимание во каков зејтин се пржи помфритот. Сончогледовото и пченкарното масло не се добар избор, додека палминото и сусамовото се секогаш подобар избор за пржење.
2. Содржи лоши јаглени хидрати
Ниту еден компир во својата природна состојба не е лош за здравјето на човекот, но опасен е заради начинот на кој го подготвуваме.
Компирот е составен од јаглени хидрати и шеќери, а кога во организмот ќе внесеме јаглени хидрати кои брзо се апсорбираат, може да се искористат како енергија или да се наталожат како масни наслаги.
Откако ќе изедете порција помфрит задолжително раздвижете се или вежбајте, затоа што во спротивно сигурно ќе накачите неколку грама од само 1 порција.
Најстрашниот дел кој негативно влијае на вашата линија е всушност онаа вкусна кора која се создава за време на пржењето.

3. Содржи транс масти
Во помфритот има транс масти кои се чести предизвикувачи на повеќе видови рак. Затоа, најдобро би било да го избегнувате или ограничите консумирањето на овие прженици.
Доволна ви е една порција во неделата, а за дечињата помеѓу 3 и 5 години се препорачува по само 1 порција на повеќе од 10 дена.
Помфритот е концентрат од соли, лоши масти и јаглени хидрати, а од него полош е само чипсот.

4. Внимателно со купечкиот помфрит
Кога ќе огладнете, а не сте дома, веројатно се одлучувате за купечки помфрит, без да знаете во какво масло е пржен.
Уште една работа на која треба да внимавате е да го јадете додека е жежок, од фритеза. Тоа значи дека пред консумирањето нема време да отстои на место каде ќе собере дополнителни маснотии.
5. Со што да го замените помфритот?
Најлесното решение – печен компир. Исечете го компирот како за помфрит, загрејте ја рерната, а на една тава за печење ставете хартија. Добро наредете го компирот, испечете го и зачинете по желба.Затоа, пред да ги подготвите фритезата и тавчето за користење, размислете уште еднаш.
1. Содржи лоши масни киселини

Пронајдете не на следниве мрежи: