Од романот “Премиерот мене ми пишува”

За Божина и останатите лустрациски отпораши тој вреднсоен ситем значи темел на државноста, за мене таквата теза е кременадла во устата на Божидар Димитров. Нема поголем доказ дека Македонија е полициска направија.Власта исече пет дрвја во центарот на градот, а Божин Павловски не се јави. Не се јави да објасни како тоа влијае на уништување на националниот идентитет на македонскиот народ. А, сигурен сум дека тука некаде, во никулецот на тие дрвја, е основата на државноста.
Баш сакав да дознаам дали, Славјан го држел едно од дрвцата додека Лазо ја садел македонската државност. Гарант тука некаде бил и Божин, со “прозаистички преокупации”.  А, баш сакав да прочитам и дел од неговата меил преписка со Премиерот, на тема дрвја или нова зграда на советот за радио-дифузија?
Меѓу две министерски дискусии во полноќните саати, ноќта пред да се сечат дрвјата, Премиерот сто посто се советувал со Божина. За да не биде дека не ги слуша излагањата на министрите не ја напуштал владината сала и меил советувањето сигурно го правел од мобилен. Два-три часот по полноќ е таман време, кога таму некаде во Австралија, веќе е полн ден и период од денот кога дезертерот Академик, е во најголем советнички транс. Ете тоа ми недостасува… Да прочитам што совет му дал Прозаистот на Премиерот.  Божин тоа убаво би го срочил во една колумна. Се сликовито ќе опише. Како во научно-фантастичен роман – “Премиерот мене ми пишува.”
Но, можеби е до временските зони, па веста за сечењето на кориените на македонската државност, се уште не стасала до лустрираниот академски дезертер.  Како и да е, кога ја нема колумната, го чекам барем неговиот роман, со сите меил преписки, секако со принтскрин фотографии, чисто како доказна поткрепа за разговорите со Премиерот. Па има белким Божин, доволно совети дадено за да скрпи еден пообемен роман? Инаку, зошто би се фалел дека од него совети се бараат… Освен ако не му недостасува некогашното внимание што му го посевтувале тајните служби, па сега место со нив, со јавноста ги споделува белешките. Тоа е!. “Навика не бљеди лако, а тешко се и ствара.”  И така натаму…
Но, ако нема доволно меил преписки од советувања, ете може во романот да ги вметне и кодошките изкази од неговото досие. Поприлично е обемно, а и доста интересно за читање. Јас му гарантирам дека најмалку три реизданија ќе доживее.
Толку за фантазиите на Прозаистот. Сега малку за вредностите за кои тој изминативе два месеци редовно пишува.
Описот на неговиот каратер, запишан во архивите на управата за државна безбедност, е типичен пример за тој вредносет систем, за кој тој тврди дека се раскрчмува со лустацијата. Целата таа игра на политички и идеолошки следења по се изгледа е темел на вредносниот систем во кој се уште се живее во Македонија.  И тука всушност е и единствената точка од линијата на која јас и тој и сите останати критичари на лустрацијата се наоѓаме. Ама на две различни страни од точката. Таа е мала, ама доволна за да има две страни. И јас се согласувам дека лустрацијата ќе расчисти и разбуричка многу застоени состојби. Можеби и ќе засмрди. Но, така веројатно мора да биде. И јас се согласувам дека лустрацијата ќе го урне со тој вредносен систем како и тие, но имаме различен светоглед на тој вредносен систем.
За нив тој е светост и основа на државноста, за мене тој е бедотија и црнила во историјата. За нив тој вредносен систем значел кариери, за мене тој поризведувал безличности. За Божина и останатите тој вреднсоен ситем значи темел на државноста, за мене таквата теза е кременадла во устата на Божидар Димитров. Нема поголем доказ дека Македонија е полициска направија. Катастрофа! Да се противиш на лустрација и тоа да го аргументираш дека на тој начин се урива државноста, уништува идентитетот, потокопува стабилноста и историјата на државата во најмала рака е безобразие и потценување на темелите на државата. И остај тоа, туку за која државност и идентитет зборуваат Прозаистот и тие од неговиот вредносен ков? За македонската државност? За македонскиот идентитет? Па сите тие што се нивни жртви од кодошлукот имаат епитет “македонски националисти!” Сите завршија, кој по затвори, кој по прогони, кој по подруми, токму поради новната самосознаеност за припадност и на македонскиот ентитет, а не само на колективната југословенска определеност. И како тоа сега се руши македонскиот идентитет и државност? Контрадикторности колку сакаш. Не е белкм дека до таму во Асвтралија, кај Божин не стасала ниту веста дека Македонија е независна и самостојна држава. Дека Југославија е историја? Божине, сори! Немој повеќе да ја браниш македонската државност. Остај! Ме навредуваш, човеку!!!
Но, како се почна?  Чисто за потсетување. Жестокоста во противењето на лустрацијата, а подоцна и бесното критикување на се и сешто, почнува во моментот кога Комисијата за лустрација ги отвара досиејата на академиците, писателите, уметиницте. Дотогаш сите се за лустрација. Ама лустрација во која нема да има лустрани. И сега кога всушност лустрацијата ја доживува вистиснката суштина се јавува отпорот.  Зошто? Многу едноставно. На тој начин се распукнува митскиот меур во кој 50 години живее оваа нација. Се распаѓа митот за големината на некои имиња. Стравот е голем кога знаеш дека тука е крајот. Ти станува тесно во аквариумот во кој си одгледан. Се плашиш… кога покрај тебе поминуваат други генерации и препознаваат дека моралните вредности си ги оставил во папката кај полицискиот инспектор, кој за тебе е господ и творец на твојата иднина. И… тогаш тргнуваш во одмазда. Ги трошиш последните атоми за да ги разубедиш оние кои ги читаат архивите на УДБА, дека всушност тоа не е тоа. Забораваш што си кажал за Славко Јаневски, па наеднаш констатациите дека неговите дела се “лук и вода”, стануваат твои хвалоспеви за големината на неговото место во македонската литература. Забораваш и на игрите со Симон Дракул и како тоа си влијалел врз развојот на историјата на друштвото на писатели, забораваш се!… И онака себично, за себе кога се работи, пишуваш дека се разнебитува Академијата, писателите, уметниците, а притоа совеста те гризе… Те јаде… Знаеш, ама посакуваш другите да не поверуваат, да останат во заблуда…  дека токму меѓусебното кодошењето во МАНУ, во ДПМ во ДЛУМ ги уништувало тие институции. За што? За твоја или нечија друга повисока позиција, на сметка на Дракул, Андреевски, Гане… И затоа се молиш да опстане митот.
И на што сега да се верува? На ставовите на Божин за Славко кажани во полициските белешки или на денешните хвалоспеви на неговото дело, и тоа со цел да ги омаловажи фактите на архивите и да го обезвредни тоа што за него го има во тие архиви?
Нема што јас да верувам ниту во едно ниту во друго. Јас градам свој вредносен систем за делата на Славко, па и на Божин, врз основа на тоа дали тие мене ми се допаѓаат или не, а не дали некој од полиција или дали општата јавност со воодушевување ќе ги велича, или куди.
Тоа е разликата меѓу мојот и вредносниот систем на лустрациските отпораши. Тоа е тоа Божине… што мојата генрација ја прави поразлична од твојата. Тоа е тоа за кое, ти и дежурните противници на се, не можете да го разберете. Тоа се наекува слобода. Да! Слобода сам да оцениш во кој вредносен систем ќе веруваш. А, слободата  не е божје семе, па да ти го некој даде. Се разбираме нели? Слобода не е подметнување на идеолошки закржлавени форми, слобода не е подметнување на какви било идеолошки форми. Слобода не е едноставна домашна задача, таа свест за хармонија во дисхармонијата на несоврашените луѓе.
И биди спокоен Божине. Твојот вредносен систем од темните полициски подруми и прашливите хартии ќе исчезне, а државата, идентитетот, ќе остане. И посилен и постабилен. Биди спокоен. Ќе останат и твоите и романите на Славјан. Но, различно ќе биде што за нивните вредности ќе одлучуваат индивидуалците, кога ќе ги прочитаат, а не колективитетите.
П.С. Македонија е најлична како прашума. Да се сруши се што изминативе години е градено и да се вратиме на лист од смоква. Тешко на таа држава во која опозициската платформа е заснована на дрва.
Автор: Марјан Николовски за ДенешенВласта исече пет дрвја во центарот на градот, а Божин Павловски не се јави. Не се јави да објасни како тоа влијае на уништување на националниот иде

Пронајдете не на следниве мрежи: