четврток, 12 ноември 2026
Најново

Одбележан Денот на мајчиниот јазик во општина Кисела Вода!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со пригодна свеченост, општина Кисела Вода го одбележа 21 февруари – Светскиот ден на мајчиниот јазик. На настанот организиран од страна на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и Советот на општина Кисела Вода, во присуство на директорите на основните училишта од овој дел на градот, беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс на тема “ Мајчиниот јазик – ѕвезда водилка на нашето постоење ”.Свое обраќање имаше Претседателот на комисијата за образование при Советот на општината, Весна Бошковска која истакна:“Мајчиниот јазик е минато што не потсетува што сме знаеле и можеле, со зборови да сториме. Мајчиниот јазик е сегашност што ни  потврдува што сме и што правиме денес, со помош на говорот. Мајчиниот јазик е иднина што ни ветува дека ќе бидеме и постоиме доколку цврст ни биде зборот. Мајчиниот јазик е нашата вечност, а ние сме дел од тој историски мозаик…”Инаку, 21 февруари  е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик на XXX седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 г. Во 2000-та, овој датум е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност. Општина Кисела Вода годинава го одележува по десетти пат. На настанот организиран од страна на Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт и Советот на општина Кисела Вода, во пр

Поврзани вести