Одберете облека според годините

Дваесетите Нема ништо лошо во тоа да покажете малку повеќе кожа, но само ако тоа го правите елегантно и со стил. Кога ќе остарите, можеби ќе сакате да го покриете деколтето или рацете, но во овие години – само напред, баш онака како што тоа го прави Кендис. Слободно бирајте ја облеката која е во тренд. Совет плус: Купете убава ташна Инвестирањето во голема ташна се исплати, со оглед на тоа дека ќе ја носите со години. Затоа одберете некоја во нијанса која никогаш не излегува од мода, како што е црната, кафена или пак сива. Крем нијансата е исто така добра опција.
Триесетите На овие години вие веќе имате изградено свој препознатлив стил кој ви дозволува да експериментирате со парчињата облека кои се во тренд. Само напред, доколку сакате екстравагантни фустани, или пак ако сте авантуристички тип на девојка, која за вечерното излегување се одлучува за металик фустанче или пак стреч панталони. Личноста на која треба да се огледате е актерката Гвинет Полтроу. Совет плус: Не ги заборавајте црните салонки Класичните црни штикли се неизоставни. Можете да ги носите со години бидејќи никогаш не излегуваат од мода. Добар избор се оние со минимална платформа, за оваа сезона да бидете потполно во тренд. 
 Четириесетите
Гледате како трендовите се менуваат, но вие сте во можност да го одберете она кое знаете дека совршено ќе ви стои. На овие години, одлично ви прилегаат класичните кроеви, струкираните сукњи, но и палтата совршено ви стојат. Годините со себе носат и самодоверба, па нека вашата облека токму тоа и го покаже. Идеална личност – Деми Мур. Совет плус: Очилата за сонце се неизбежни Класичните темни очила можат да допринесат да бидете забележани каде и да се појавите. Како што и веќе сте приметиле, многу светски звезди се свесни за тоа. 
 Педесетите
На овие години, вие имате можност да облечете пософистицирани модели, кои не им прилегаат на младите девојки.  Не срамете се смело да ги истекнете најубавите делови од своето тело, токму по примерот на Шерон Стоун. Вие сосема сигурно знаете како се комбинира анимал принтот. Тоа што стареете, сфатете го како своја предност. Совет плус: Изберете масивен накит Кој вели дека само на младите им е дозволено да си поигруваат со разнобојните камчиња или со откачените парчиња накит. Доколку не сте баш храбри да го украсите деколтето со неколку различни огрлици, обидете се со впечатливи обетки.
Извор: lady.mkДваесетите Нема ништо лошо во тоа да покажете малку повеќе кожа, но само ако тоа го правите еле

Пронајдете не на следниве мрежи: