ОДЛИЧНА ВЕЧЕРА: Направете си превкусен солен колач!

Изненадете ги домашните и гостите со колач во поинакво издание.⬇⬇

Потребни состојки:
80гр путер
4 јајца
200гр брашно
половина лажичка прашок за пециво
220мл млеко
малку сол
шунка, сирење, кромид спанаќ или некој додадок по ваша желба

Подготовка:
Добро изматете го путерот, додадете жолчки од јајца, брашно, сол, прашок за пециво и млеко.
Изматете ги белките во цврст снег и додадете го во тестото. По желба додадете издробено сирење, рендан кашкавал, спанаќ, кељ, печурки, шунка и добро помешајте.

Во загрен тостер или тава ставете по 2-3 лажици од тестото, затворете го капакот и печете околу 3 минути. 

Послужете со павлака, мајонез или солен прилог по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи: