Оглас за вработување на економски промотери – минимална плата од 2.600 американски долари

Loading...

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (“Агенцијата”) зема активно учество во енергичната кампања на Владата на Република Македонија која има примарна цел подобрување на економскиот пораст на земјата преку зголемување на странските директни инвестиции во софистицирани, високи технологии, извозно ориентирани индустрии во земјата и во целните индустриски сектори во кои Република Македонија е конкурентна.Стремејќи се кон оваа цел Агенцијата бара да ангажира високо квалификувани, динамични професионалци со богато работно искуство, кои се подготвени да се соочат со предизвикот и несебично да ги вложат сите свои знаења, вештини, способности и енергија во интензивна промоција на ресурсите и потенцијалите на Република Македонија како атрактивна бизнис дестинација со сите свои поволности кои ги нуди за инвестирање, како и промоција на извозот на Република Македонија.
Верувајќи дека претставувањето на Република Македонија на највисоко ниво преку контактирање со бројни странски компании и институции, со можност за самоиницијативност во работата и личен придонес во економскиот развој на земјата, претставува доволен мотив за добивање на оваа одговорна позиција, Агенцијата ги поканува сите заинтересирани лица да се пријават на:
 
ОГЛАСЗА ПРИЕМ BO РЕДОВЕН РАБОТЕН ОДНОС НА ОПРЕДЕЛЕНО BPEME НА ЕКОНОМСКИ ПРОМОТЕРИ
За работа во:- САД, Њујорк – 1 извршител;- САД, Чикаго – 1 извршител;- САД, Мајами – 1 извршител;- Малезија, Индонезија, Сингапур – 1 извршител;- Норвешка – 1 извршител;- Франција – 1 извршител;- Русија – 1 извршител;- Кина – 1 извршител;- Јапонија – 1 извршител.

 
Кандидатите кои ќе се јават на Огласот, покрај општите услови предвидени со Законот за работни односи и Законот за надворешни работи, треба да ги исполнуваат и посебните услови, и тоа:
– Висока стручна спрема;
– Релевантно работно искуство од најмалку две (2) години по завршување на високото образование; 
– да поседува меѓународно признат сертификат (согласно член 68 од Законот за надворешни работи) за познавање на англиски јазик, и тоа ако:
1) се упатува на мандат во земја од англиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL) TОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL СВТ), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Ц1 (С1) ниво на ЦЕФР (CEFR) и
2) се упатува на мандат во земја од неанглиско говорно подрачје да поседува еден од следниве сертификати: ЦАЕ (CAE), ИЕЛТС (IELTS), ТОЕФЕЛ (TOEFL), ТОЕФЕЛ ЦБТ (TOEFL СВТ), ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) или друг меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик издаден од европски или глобален јазичен тестатор, со ниво на познавање еквивалентно на Б1 (В1) ниво на ЦЕФР (CEFR), да познава втор странски јазик различен од англискиот и тоа еден од официјалните јазици на Обединетите нации или на Европската унија, на ниво еквивалентно на нивото Б1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиште, 
– да го познава службениот јазик на земјата на приемот, на ниво еквивалентно на нивото А1 на ЦЕФР (CEFR), што се докажува со сертификат издаден од јазично училиште најдоцна еден месец пред упатувањето на должност, ако службениот јазик на земјата на приемот е различен од јазикот наведен во алинејата 2 на овој став и 
– поседување на безбедносен сертификат издаден од ДБКИ, (задолжително треба да го достават избраните кандидати);
– Компјутерски способности за канцелариско работење; 
– Поседување на возачка дозвола од Б категорија; 
– Способност за презентација, комуникациски вештини и тимска работа; 
– Способност за покренување иницијатива, проактивност и работа под притисок.
 
За време на престој подолг од 15 дена во Агенцијата (за време на одржување на почетните обуки и по основ на консултации) економските промотери ќе добиваат нето плата во износ од најмалку 24.000 денари.
 
По упатување во земјата на престој, нето платата на економските промотери кои ќе бидат во звање на Втор секретар (согласно внатрешните акти на Министерството за надворешни работа) ќе изнесува: 
– за работа во САД, Њујорк најмалку 2.900 американски долари; 
– за работа во САД, Чикаго најмалку 2.900 американски долари; 
– за работа во САД, Мајами најмалку 2.900 американски долари; 
– за работа во Малезија, Индонезија, Сингапур најмалку 2.400 американски долари; 
– за работа во Франција, најмалку 2.100 евра;
– за работа во Норвешка, најмалку 2.400 евра; 
– за работа во Русија, најмалку 2.100 евра; 
– за работа во Кина најмалку 2.600 американски долари; 
– за работа во Јапонија – најмалку 3.100 американски долари.
 
Работното време на Работникот изнесува 40 (четириесет) часа неделно односно 8 (осум) часа дневно во текот на работната недела, од 8:30 до 16:30, од понеделник до петок полно работно време.
 
Работникот во текот на дневното работно време има право на пауза во траење од 30 минути која е засметана во работното време.
 
Повеќе за начинот на аплицирање може да дознаете на следниот линк. Стремејќи се кон оваа цел Агенцијата бара да ангажира високо квалификувани, динамични професионалци со богато работно искуство, кои се подготвени

loading...
Loading...