Охрид доби полицајци велосипедисти

Од денеска, СВР Охрид, во своето редовно полициско работење ја ангажира велосипедската полициска патрола. Патролата има тројца полицајци-велосипедисти кои активно ќе се вклучат во превентивното и репресивното делување пред се во реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје, информираат од СВР Охрид.Велосипедистите-полицајци ќе работаат на реализација на мерките за одржување на јавниот ред и мир за што, имаат посебна полициска обука.
Велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма на полициско работење што треба да обезбеди партнерство и поблизок контакт со граѓаните, збогатување со нова содржина во превентивното делување со што кај јавноста треба да се подигне нивото на позитивна перцепција за полицијата како јавен сервис во служба на граѓаните. Таа е обид за поголема мобилност на полициската служба посебно во летните месеци кога имаме зголемена фрекфенција на сообраќајниците во Охрид, можност за побрзо пристигнување на местото на настанот каде има нарушување на јавниот ред и мир или кражба посебно во централното градско подрачје, откривање и пронаоѓање на сторителите на казнени дела, нов облик во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи утврдени со закон.
Во изминативе 8 години, велосипедската полициска патрола во Охрид целосно беше вклучена во превентивните активности на СВР Охрид но и во репресивното делување пред се во реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на кражби по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје но и во реализација на мерки за одржување на јавниот ред и мир. Севкупната работа на полициската велосипедска патрола се извршува крајно професионално и во согласност со законските полициски овластувања. Пред стартот на нивната работа на 17 јули 2008 година, припадниците на велосипедската полициска патрола имаа посебна едномесечна обука што во Охрид ја реализираше полициски инструктор од МВР на РМ со стекнат сертификат за посебни техники на полициско велосипедско патролирање претходно обучен од американски полициски обучувачи за полициско патролирање на велосипед.
Патролата во изминативе 8 години од функционирањето, целосно го оправда своето постоење и значително придонесе во подигнувањето на степенот на севкупната безбедност во Охрид. Патролата претставува посебна туристичка атракција која со воодушевување е прифатена од охриѓани и од туристите. Тие се сликаат со велосипедистите и покажуваат интерес за разговор со нив. Патролата учестува во превентивни акции на СВР Охрид, делење на флаери по плажите за заштита од кражби и во низа други проектни активности на оделението за превенција, активно е вклучена и во програмите на неколку национални телевизии што во живо се емитуваа од Охрид а беа посветени и на безбедноста и охридската полиција. Тие од движење на велосипед практично манифестираа акција за приведување сторител на казнено дело со што ги демонстрираа стекнатите вештини и знаења. Патролата е редовно присутна и во обезбедување на значајни концерти и спортски манифестации што во летниот период се одржуваат во Охрид како и во разни проектни активности на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, невладините организации, велосипедските клубови и други локални спортски организации. Покрај позитивното делување на релација полиција-локална заедница и зголемената можност за поблизок контакт со граѓаните посебно со младите, патролата го афирмира велосипедизмот како спортска дисциплина и здрав начин на живот, ја промовира грижата за здрав начин на живот и го надоградува позитивниот имиџ во јавноста. Секако дека постои и значителна економска оправданост од постоењето и работата на велосипедската полициска патрола.
Проектот „Велосипедска полициска патрола“ е изработен во мај 2008 година по иницијатива на портпаролот на СВР Охрид по што преку МВР на РМ е подржан од одделот за развој на полиција при мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. Тогаш, на пригодна манифестација во МВР беа доделени вкупно пет специјални полициски велосипеди. Истите се редовно сервисирани и одржувани.Велосипедистите-полицајци ќе работаат на реализација на мерките за одржување на јавниот ред и мир за што, имаат посебна полициска обука.
Ве

Пронајдете не на следниве мрежи: