Стандарт охридски такси муабети:
Чекаш к`ј минимаркет, застанвиш такси и влегвиш.
– Добар ден
– К`ј да те носам?
– До к`ј Банкана
– Што зборвиш море, од таму идам сега..
– Ам-м-м добро котака пешки ќе одам..
Такси налето:
– Колку до к`ј рампана?
– 150 денари
– Многу скапо море
– Ам ак сакаш, ак не цапај си пешки
Истиот таксист назима:
– Колку до к`ј рампана?
– Влегви море, што опитвиш, колку ќе дајш толку.
Седиш в`такси, надвор пекол, в`кола уште појќе:
– Леле колку е жешко, ќе испукаме во коливе ова лето.
– Ам пушти клима море..
– Што море, ти ќе ми плаќаш нафта? Поарно ќе потам…
– Добро…
Те однесе таксистот на место:
– Вкупно 90 денари
– Повели, фискална мојт да ми дајш?
– Шо море, од инспекција дан си ти?
Муабет в`такси:
– Еххх бре, з`ш работам ко вол по цел ден, се печам в`кола ко јагне на жар. Во Европа таксистите земале по 2000 евра секој месец, со костуми возеле, а ние? Стока бе стока.
– Ам то е, и јас земам само 150 евра приватно
– Абе лесно ти е тебе…
Друг муабет в`такси:
– Леле бе, виде сношти футбал? Ме заеба Манчестер, шубо ќе си фатев 16.000.
– Ами то е, и мене ме заеба една
– Абе убо реков јас дека Манчестер ќе изгубит, се разбирам многу од футбал јас.
Влегвет странци в`такси:
– Оооооо вер ју фром?
– Nederland
– Ооооо Холандија, чекај да уклучам поскапа тарифа.. Вер ју го?
– To the beach
– Сега ќе ве однесам на бичот, ама преку Ресен и Галичица..
Такси на црно; чекаш автобус тук застанвит Југо пред тебе:
– Ај море влегви, напазар одам..
– Ам чекам автобус јас
– Ај за 30 денари ќе те земам и тебе… Она женана дан сакат исто да ојт Охрид прашај ја…
Те носит таксистот, тук наеднуш застанвит..
– Чекај да купам цигари набрзина
– Ај ќе почекам
Се најдвит со некој колега, зборвет, зборвет, заборај дека имат патник и влегвит пак вкола:
– Ам к`ј се стори море чоек?
– Сега море, ти се брзат? Ак ти се брзат што не ојде пешки.
Извор: Ohrigani.mk