Неодамна имаше писмо од една скопјанка до охриѓани, денес охриѓанец возвраќа на нејзиниото писмо. Погледнете го писмото што го објави порталот охриѓани: „Пред некој ден ни стигна писмо од Бојана ( Писмо до Охриѓани од една Скопјанка…), кое имаше доста критики дали било вистинско или не.
Еве денес ни пристигна и друго писмо со реакција за горенаведеното !
Бојано мори златна Бојана. Пред 2 дена го прочитав твоето писмо на Охриѓани.мк и значит ептен ме изнервира со твојата глупост.
Од ко го исклучив компјутерот почнав да кршам дома тенџериња од што бев нервозен, излегов надвор и ојдов к`ј комшијана да се опијанам.
Да, решив да се напрам лајно, з`ш толку многу ме навреди и изнервира со текстот.
Со љубов секогаш си идела во Охрид и сега си ја сакала Грција, епа оди таму живи мори предавничке ниедна. Од вакви како тебе Македонија патит.
Море не јајца, камења да фрлаја на граница по тебе и тој мажти здрвен. Еве сега на цел глас пуштив Лав Радио, да знам дека имат патриоти во ова држава.
А за цените во Охрид не ми прај појќе муабет!
Прошлата недела бев во то Скопјето твое, ојдовме Шутка со женана. Абе што, сите фенси љуѓе од Скопје таму биле на купвење. И после ќе ни солите памет во Охрид дека вие во Скопје многу сви имале, лајна имате!
После шутка, ојдовме в`центар да касниме нешто. Седнавме во едно ресторанче, порачавме и чекавме 30 минути да ни го донесит. Тој келнерот еден здрвен што беше… Платив 1200 денари за 2 шарски и 3-4 пијачки, па такви цени ни во Вила Софија немат..
Женана викаше накафе да седниме, па ај седнавме… Платив 290 денари за 2 кафиња и 2 сокчиња… и после Охрид бил скап?!
Ех мори Бојанче, колку би сакал да те запознам и тебе и тој мажти твој. Не Шеќер, буковска во резервоарот ќе ти турев и пипер во та устата твоја што зборвит грди работи.
Бегај пак се изнервирав, дури и рацеве ми се тресет, одам к`ј комшијава да се начукам пак заради тебе!
Поздрав од Нолмче од Охрид до Бојанишчето од Скопје…“
Извор: ohrigani.mk„Пред некој ден ни стигна писмо од Бојана ( Писмо до Охриѓани од една Скопјанка…), к