Кривичната пријава за случената сообраќајната несреќа од 20-ти октомври годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнаесет годишно момче Х.К. во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8 ноември.Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, за кое е запретена затворска казна од најмалку 4 години.
Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице кое управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно техничко вештачење и прибирање на потребни податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице.
Од досега преземените дејствија утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприлагодена брзина.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, како и дека има потреба за непречено водење на истрагата, надлежниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерка – куќен притвор за осомниченото лице и Мерки на претпазливост – Одземање на возачка дозвола и Забрана за издавање нова возачка дозвола за осомниченото лице. Предложените мерки беа прифатени од судијата на претходна постапка со донесување на Решение од Основниот суд Скопје 1 Скопје.Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спрове