ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола до СДСМ: Оставете ги надлежните институции да си ја вршат својата работа

СДСМ уште еднаш покажува дека е во очај, целосно се безидејни и затоа по кој знае кој пат се навраќаат на некрофилската и деструктивна политика и се обидуваат да злоупотребуваат несреќи.Интегрален текст од прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, како реакција на пресот на СДСМ во Битола на 15.06.2016 година
Без нималку срам се искористува секоја прилика за добивање на политички поени. Иако и самите се свесни дека зад нивните задкулисни игри стојат само неуспешни, неиновативни планови. Како и да ја почнеме анализата на нивните неуспеси, секогаш можеме да погледнеме во нивната некадарност и неуспешност. Во секоја област забележително е отсуството на издржани или какви било програмски решенија што доаѓаат од СДСМ.
Нема програма, нема предлози, нема идеи. Нивниот стил на практикување на политиката има длабока губитничка порака и основа. Ако навистина сакате да го импресионирате народот, фатете се со работа. Ова е време на конкретни активности, посветеност, многу труд и многу работа на секој план. Во Рек Битола реализирани се повеќе инвестициони вложувања, како што се модернизацијата на турбо-агрегатите, направен е проект за топлификација на Битола, Новаци и Могила.
Проектот за топлификација е реалност и интензивно се работи на негово имплементирање. Започнати се постапки за набавка на нова механизација, проект вреден 64,5 милиони евра. Овие проекти дополнително ќе ги зајакнат производствените капацитети на рудниците во РЕК „Битола“, ќе ја зголемат сигурноста и независноста во работењето и значително ќе ја намалат цената на ископан тон јаглен во наредниот период“.
Но, што ќе ви е работа кога имате чиста позиција, имате ултиматуми и декрети и премногу слободно време на денгубење и празни обвинувања. Што ќе ви е работа кога можете и вака!
И уште еднаш Ви порачуваме да ги оставите надлежните институции да си ја вршат својата работа наместо да се ставате во улога на обвинител како што имате пракса да го правите тоа.
Прес-конференцијата ја одржа Валентина Маркоска, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.Интегрален текст од прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, како реакција на пресот на СДСМ во Битола на 15.06.2016 година

Пронајдете не на следниве мрежи: