ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола до СДСМ: Рејтингот и довербата кај граѓаните нема да ви се врати

Циркузијадата која СДСМ ја приредува на сопствената држава продолжува и понатаму. СДСМ бесрамно и лицемерно на секој можен и неможен начин се обидува да ги дестабилизира државата, градовите и секојдневното живеење на граѓаните.Интегрален текст од прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, на која се обрати Соња Карапашова – Советник во Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани опозиционери рејтингот и довербата кај граѓаните нема да ви се врати, со деструктивни политики со помош на СЈО и по секоја цена дури и по цена на правната држава. Наспроти ова го имате Зоран Заев кој е единствен криминалец во Македонија на кого му беше простен криминал тежок 8 милиони евра.
Дека аршините на Вашите политички инструменти се различни говори и информацијата што излезе во јавноста дека во другите општини цената што се плаќа за ученички превоз каде што градоначалници се луѓе од СДСМ на чело со општината Струмица, се повисоки од оние што се плаќале во Битола.
За Талевски се изрече мерка домашен притвор, а за некои други како што е Зоран Заев кој кажа дека ниту го признава судството, ниту ќе се појавува на рочишта, нема ништо тие луѓе се на слобода за нив нема куќен притвор и се е во ред во нивното работење иако плаќаат дупла цена за превозот.
Ова е само уште еден нивни очаен обид, да се оцрни не само Талески како Градоначалник на една од поголемите општини, ова е обид за политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ, и да се приграби и дојде на власт на било каков друг начин, само не преку избори, зашто се плашат и самите се свесни за нивниот низок рејтинг.Интегрален текст од прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, на која се обрати Соња Карапашова – Советник во Советот на Општина Битола

Пронајдете не на следниве мрежи: