ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: СДСМ и Сорос вчера стигнаа своите поени да ги собираат и преку студентите

Интегрален текст од Прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, како реакција на пресот на СДСМ во Битола.Продолжуваат нападите на Битола и монтираните сценарија на СДСМ за дискредитација на власта која и ден денес ги санира штетите од нивното владеење кое ја доведе Битола на работ на исчезнувањето.
Серијата на монтажи од СДСМ на кои деновиве сведочиме, повторно  сведочи за хистерија, насилство и закани кои се вистинското лице на СДСМ.
Но, тоа Битолчани веќе го знаат и го почуствуваа на своја кожа во деведесетите години.
Синоќа пак, хистеријата на опозицијата беше видена и од целата Македонска јавност.  СДСМ и Сорос вчера стигнаа своите поени да ги собираат и преку студентите.  Тие го сторија тоа на највалкан начин, и се обидоа да предизвикаат насилни инциденти за време на гласањето.  
Класично за нашата опозиција е бегањето од било какви избори и нивно попречување по секоја цена.  Она што изненадува е тоа што и преку студентите се обидуваат да предизвикаат немири и дестаблизација знаејќи дека изборот на Студентски претседател е легитимно право на студентите.
Како што тоне рејтингот на СДСМ така се зголемува нервозата и деструкцијата.
Затоа СДСМ бега од избори и од соочување со граѓаните. го оспорува уставно загарантираното право на граѓаните да гласаат и да и дадат легитимитет на политичката опција која што сметаат дека може да ја извлече република Македонија од кризата. Затоа се монтираат немири, се блокираат било какви избори, се создаваат политички креирани случаи.
Тоа е нивната единствена опција за доаѓање на власт.
ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа, нема да дозволиме вандализми, провокации, немири  по улиците и институциите, тоа  не е  наша одлика.  Обидите на СДСМ за дестабилизација на државата и нејзин распад скриени под параванот на нивните инструменти  само за да дојдат на власт нема да успеат. ВМРО –ДПМНЕ е секогаш со народот за народот и за Македонија.
 Продолжуваат нападите на Битола и монтираните сценарија на СДСМ за дискредитација на власта која и ден денес ги санира штети

Пронајдете не на следниве мрежи: