ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: СДСМ продолжува со својата безидејност која се продлабочува од ден во ден

Loading...

Реакција на прес-конференција на СДСМ  ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп 
СДСМ продолжува со својата безидејност која се продлабочува од ден во ден. Тоа го покажуваат со нивните прес-конференции кои години наназад имаат ист текст, а се со единствена цел лични дисквалификации на луѓето од ВМРО – ДПМНЕ. Последниве месеци со поднесувањето на беспредметни кривични пријави, со лажни обвинувања кои се гледаат и во нивните текстови, СДСМ се повеќе тоне во својот очај. Партијата предводена од Зоран Заев, единствениот аболициран криминалец во Македонија за 8 милиони евра, продолжува со манипулации и дефокусирање на јавноста од вистинските прашања за сомнежите за тежок криминал во Струмица.
Вие г-дине Велески си мислите дека сите се исти како вас во СДСМ. Како вие што ги нарекувате вашите сопартијци од СДСМ „моќници“, „играчи со туѓите човечки судбини“, „профитери на сметка на партијата“ итн. Не г-дине Велески, не се сите исти. Не се сите криминалци кои се кријат зад аболицијата од Бранко Црвенкоски. Не се сите исти, неуспешни и нереализирани манипулатори, моќници и профитери. Околу Вас г-дине Велески се вртат само нереализирани и неуспешни проекти, последен од нив и партискиот. Неуспешниот бизнисмен Велески, кој требаше да го развива малото стопанство во Прилеп, но наместо тоа зад вас оставивте илјадници невработени. Г-дине Велески наместо срамно да излегувате со ваква прес-конференција да поднесувате кривична пријава заради сомнеж без никакви докази, а со цел дисквалификација на потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Панче Дамески, излезете и дадете отчет за Микрон. Дадете отчет за избрканите луѓе на улица.
Почитувани сограѓани,
ВМРО-ДПМНЕ верува во правдата и во законите. СДСМ мора еднаш да сфатат дека Македонија е правна држава во која сите се еднакви пред законот. И затоа веруваме дека аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе се соочи со правдата и заслужената казна за сите случаи во кои се сомничи за корупција.
  
СДСМ продолжува со својата безидејност која се продлабочува од ден во ден. Тоа го покажуваат со нивните прес-конференции кои го

loading...
Loading...