Oпштина Битола со јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации

Општина Битола го објави традиционалниот јавен повик за доделување финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2017 година.Распределбата на средствата од буџетот на општина Битола за оваа намена ќе се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои ќе ги реализираат организациите од овој град.
– На јавниот повик може да учествуваат здруженија на граѓани и фондации со конкретни проекти посветени на локален и економски развој, образование, култура, техниката, наука, здравство, спорт и екологија и други области. Основен организациски критериум кој треба да го исполнуваат здруженијата и фондациите е да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и да имаат седиште во општина Битола, посочуваат од локалната самоуправа.
За распределбата на финансиската поддршка, која може да изнесува до 50.000 денари ќе одлучува Комисијата за финансии и буџет на Советот на општина Битола.Распределбата на средствата од буџетот на општина Битола за оваа намена ќе се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои ќе г

Пронајдете не на следниве мрежи: