четврток, 12 ноември 2026
Најново

Општина Кисела Вода гради крак од атмосферска канализација на ул. „Спиро Гулапчев“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Градоначалникот на општина Кисела Вода денес изврши увид во градежните активности на улицата „Спиро Гулапчев“.На оваа локација започна изградба на крак од атмосферска канализација кој треба да го реши проблемот со прифаќање на атмосферските води во овој дел од градот.
Во должина од околу 300 метри се поставува систем од цевки со Ф300 и Ф200, кои согласно изведените хидраулични пресметки треба да ги задоволат потребите за одвод на дождовна вода.
Градежните работи треба да завршат до крајот на месец септември.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи реализацијата на овој крупен проект, ќе значи решение на проблемот со атмосферските води, а со тоа и создавање на подобри и поквалитетни услови за живеење.
На оваа локација започна изградба на крак од атмосферска канализација кој треба да го реши проблемот со прифаќање на атмосферските води во овој дел

Поврзани вести