Организирана акција за чистење на одводните канали се одвиваше денес во општина Кисела Вода

Активностите се одвиваа на територија на целата општина преку истурените канцеларии на Секторот за месни заедници и социјална заштита на Општина Кисела Вода.На чистење на каналите, како превентивна заштита пред новонајвените обилни врнежи, работеа 50тина сезонски работници распоредени по урбани и месни заедници, координирани од раководителот на Секторот за месни заедници и социјална заштита.Расчистување на  згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани во летниот и почетокот на есенскиот период е редовна активност на општина Кисела Вода. По потреба се чисти и почесто.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.На чистење на каналите, како превентивна заштита пред новонајвените обилни врнежи, работеа 50тина сезонски работници распоредени по урбани и месни

Пронајдете не на следниве мрежи: