Осум легендарни фризури кои му ПРКОСАТ НА ВРЕМЕТО: Никогаш нема да излезат од мода!

Новите времиња доаѓаат и со себе носат нови трендови, но овие 8 фризури ниту еден моден бран не можеше да ги симне од тронот. Тие се секогаш во тренд и ги чуваат своите места на врвот на листата најпопуларни фризури.Пикси (Твиги)
Кратката „пикси“ фризура оваа сезона е апсолутен хит. Едноставна, симпатична и женствена, токму како и славната Твиги на која оваа фризура ѝ беше заштитен знак.

Брановидна (Вероника Лејк)
Најславната актерка во 40-тите години од минатиот век беше Вероника Лејк, а нејзината долга коса која на краевите беше благо брановидна, уште во тоа време беше најпопуларна фризура на актерките. Денес, оваа фризура повеќето жени ја бираат за настани од поголема важност.

Пунџа (Типи Хедрен)
Оваа фризура ја сакаат дамите од кралските дворови. Шармантната и уредна пунџа стана главен тренд во 50-тите и оттогаш е актуелна.

Долга коса (Брижит Бардо)
Долгата и пуштена коса беше омилената фризура на Брижит Бардо. Дополнителните украси како лента или рајф, на оваа дама ѝ беа доволни за да заблеска на сцената.

Локни (Жизел Бундшен)
Раскошната коса украсена со шармантни локни ѝ дава впечатлив изглед на Жизел. Токму тие локни ѝ го „отворија“ патот во светот на славните.

Виткана коса (Сара Џесика Паркер)
Витканата коса беше хит во 80-тите. Дамите коишто немале виткана коса, често правеле минивал. Сепак, оваа фризура повторно направи револуција откако Сара Џесика Паркер се појави пред малите екрани во улога на Кери Бредшо.

Изретчена, полудолга коса со прамени (Џенифер Анистон)
Ваква фризура носеше Џенифер Анистон во серијата „Пријатели“. Во тој период, во 90-тите настапи популарноста на прамените.

Боб (Луиза Брукс)
Се сеќавате дека Викторија Бекам пред неколку години ја скрати косата и си направи боб фризура? Не, таа не ја пласираше оваа фризура во листата на најпознати, туку Луиза Брукс, ѕвездата на немите филнови која најмногу експериментираше токму со оваа фризура.
Пикси (Твиги)
Кратката „пикси“ фризура оваа сезона е апсолутен хит. Едноставна, симпатична и женствена, токму

Пронајдете не на следниве мрежи: