Ова се најидеалните посни слатки за секој празник во декември и јануари!

Вкусни домашни слатки се незаменлив дел од секој зимски празник, но десертот за Бадник е особено предизвик, бидејќи, освен што треба да им се допадне на сите гости на трпезата, треба да биде и посен.Ако сѐ уште се прашувате со што да ја засладите вечерата, испробајте го овој рецепт за колачи со тиква и грозје.
Потребни производи:
150 г тиква (варена или печена)
150 г кафеав шеќер
130 г брашно
100 г овесни снегулки
60 г суво грозје
50 мл масло
3-4 зрна бибер
1 прашок за пециво
1 лажичка цимет
1/2 лажичка сол
Начин на приготвување:
Варената тиква се пасира. Брашното се меша со овесните снегулки, циметот, прашокот за пециво, истолчените зрна бибер и солта. Маслото се меша со шеќерот и тиквата. Течната смеса се додава кај сувите состојки. Се меша.
Се додаваат сувото грозје и повторно се меша. Со лажица се зема од смесата и во сад во кој претходно сте ставиле хартија за печење се оформуваат слатките во топчеста форма. Се пече 15-20 минути во загреана рерна на 170 степени, со вентилатор.
Сервирајте ги откако ќе се оладат.
На здравје!Ако сѐ уште се прашувате со што да ја засладите вечерата, испробајте го овој рецепт за колачи со тиква и грозје.
Потребни производи

Пронајдете не на следниве мрежи: