Овие кесички ЗЛАТО ВРЕДАТ: Никако не ги фрлајте – Еве зошто!

Кесичките со силиконски гел кои се наоѓаат во кутиите од чевли, обично завршуваат во канта за ѓубре само затоа што веруваме дека се бескорисни, па дури и отровни.Но вистина е дека во нив не се наоѓа никаков отров, туку силициум диоксид кој не треба да се јаде, но е посебно корисен низ дома.
1. Ставете ги во торбата за вежбање
Целта на овие кесички е во тоа што ја впиваат вишокот влага. Бактериите најдобро се размножуваат во влажна средина, па затоа посебно може да ви послужат да ги намалите влагата и бактериите во ранецот за вежбање. Така и непријатниот мирис ќе исчезне.
2. Ставете ги меѓу пешкирите
Спречете го ширењето на влага и меѓу пешкирите, така што ќе поставите неколку кесички во шкафчето каде ги чувате.
3. Бричот трае подолго
Наместо да го оставате бричот да стои на влажно место, ставете го во пластична кутија и меѓу 3-4 вакви кесички со гел. Така ќе трае многу подолго.
4. Спасете го мокриот телефон
Наместо во ориз, ставете го мокриот телефон во сад со многу вакви кесички. Ефектот е многу подобар.

 
5. Сочувајте ги новогодишните украси
Во кутијата со лампиони задолжително ставете неколку кесички. Така украсите ќе траат подолго и ќе изгледаат како нови.
6. Одмаглете го ветробрановото стакло од автомобилот
Возачите ќе бидат пресреќни по оваа вест. Наместо да чекате вентилацијата да си ја заврши работата, во автомобилот уште денес поставете вакви кесички, веднаш под стаклото од внатрешна страна. Така најбрзо ќе го спречите замаглувањето и наутро нема да чистите 10тина минути.
7. Сочувајте ги фотографиите
Старите фотографии со тек на времето пропаѓаат, што е навистина тажно, затоа што единствено тие добро ја доловуваат носталгијата. За да не се разочарате кога ќе ја отворите кутијата со ретро фотки, уште денес поставете кесички кои ќе ја спречат влагата.
8. Спасете си ги шминките
Секоја жена во несесерот треба да има барем една ваква кесичка која ќе ги спаси прашкастите производи од згрутчување.Но вистина е дека во нив не се наоѓа никаков отров, туку силициум диоксид кој не треба да се јаде, но е посебно корисен низ дома.
1

Пронајдете не на следниве мрежи: