Пандев постави два нови државни рекорди

Ристе Пандев, продолжи со успешните настапи на атлетските митинзи во Швајцарија. Викендов на „ИБЛ“ митингот, одржан во Сент Гален, тој постави државни рекорди на 60 и на 200 метри.Во трката на 60 метри, Пандев го освои прво место со резултат 6.88 сек, зад него се пласираа Швајцарците Пена Брахиан (6,89) и  Фурер Тобиас (7,12).Делницата од 200 метри, Пандев ја претрча за 22,21 секунди, резултат кој му го донесе првото место, пред Пена Брахиан (22,29) и Виспи Клаудио (22,50).На „ИБЛ“ митингот настапија атлетичари од: Швајцарија, Германија, Италија, Австрија,Македонија, БиХ, Словенија, Гана и Лихтенштајн.
МакфаксРисте Пандев, продолжи со успешните настапи на атлетските митинзи во Швајцарија. Викендов на „ИБЛ“ митингот, одржан во Сент Гален

Пронајдете не на следниве мрежи: